Со посета и презентација на новата конференциска сала денес е означен завршетокот на проектот за реконструкција и адаптација на простор во Пионерскиот дом во Гевгелија во модерна конференциска сала, која е изведена во рамките на INTERREG – Меѓународна соработка меѓу општина Гевгелија и општина Тими од Р.Грција.
Проектот е вреден 60.000 евра и дополнително вклучува набавка на фотоволтаици за енергетските потреби на ООУ “Крсте Мисирков” Гевгелија и два полначи за електрични возила за подрачјето на општина Гевгелија, кои се брзински полначи за 20-на минути.
Проектот вклучуваше реконструкција, санација и адаптација на простор од 200 метри квадратни во објектот на Пионерски дом Гевгелија кој целосно се реконструира, со нов под, нова столарија, ново осветлување и нова опрема со конференциски елементи, памента табла, проектор и инвертерски клима уреди за ладење и греење, и техничка опрема за презентација. Просторот е обелен и со ознаки за простор опремен од Програмата за Меѓународната прекугранична соработка на општина Гевгелија со Република Грција.

Просторот ќе се користи за одржување седници, обуки, работилници и други едукативни активности. Пространството е уредено како модерен мултимедијален центар наменет за конференции, деловни презентации, обуки, состаноци и други административни и јавни настани за потребите на општината и локалните партнери.
Целиот зафат започна да се изведува од 10 јули годинава, а денеска, после 4 месеци работа, беше презентиран и промовиран, конкретно опремената модерна конференциска сала.
За значењето на проектот пред присутните зборуваше градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов, а свое искажување имаше и претставник од CISS – Италијанска непрофитна НВО за развој и солидарност која во Македонија го реализира проектот “Green for good”, Горан Бошков.
За спецификата на зафатот зборуваат овие фотографии од предходниот изглед на просторијата кој до сега се користеше за ненаменски потреби, за вежби, проби на секции и слично.

Вака изгледа сега.




















