четврток, 15, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково

Меѓу 70-те изложени стари автомобили беше и славното „Рено 4“ од Стојаково, рекордер по извозени километри во 5-та деценија од неговото производството

октомври 14, 2026
in MАКЕДОНИЈА
Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково
0
SHARES
225
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На празничниот 11 октомври во Велес се одржа ретка Изложба на олдтајмери, на кој имаше изложено 70-тина стари автомобили, освен од Македонија и од Србија, Хрватска и БиХ.

Најстариот автомобил во Македонија, марка „Форд Т“ произведен 1923 година беше изложен во Велес на собирот на олдтајмери – стари возила во возна состојба. Неговиот сопственик e Дрганчо Богевски Попето од Битола, а возилото го набавил летоска од Америка И покрај староста од 103 години, автомобилот и натаму е во возна состојба.

Related posts

Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!

Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!

октомври 15, 2026
Честит 11 Октомври, денот на народното востание на Македонија против фашизмот

Честит 11 Октомври, денот на народното востание на Македонија против фашизмот

октомври 11, 2026
  • „Овој автомобил е од првото сериско производство на фабриката „Форд“ и прв модел што можел редовно да се вози во сообраќај. Возилото не може да помине толку големо растојание од Битола до Велес, па затоа го шлепував. Возењето му е со брзина од 30 до 40 километри на час, па затоа не е за редовен сообраќај. Во тек е постапката за царинење, по што ќе следува регистрацијата. Се пали и на анлансер и на курбла. Автомобилот е за кратки релации, бандажите му се дрвени, гумите се на пумпање, има задни сопирачки и собира четири патници“, кажа Богевски.

Велешани и гостите на „Питијада 2026“ во чии рамки се одржа изложбата на стари автомобили, беа воодушевени што по првпат гледат вакво возило како од кратките неми филмови со Чарли Чаплин снимени на улиците низ големите американските градови на почетокот на 20 век, посетителите задолжително се сликаа покрај него.

Најстариот автомобил на изложбата „ФОРД“ модел Т стар 103 години

На изложбата на олдтајмери беа претставени 70- тина возила олдатјмери во исправна возна состојба од: Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина од 50-тите, 60 тите и 70 тите години на 20 век. Имаше интересни модели на „Опел“, „Цитроен“, „Буба“ „Рено“ и други модели.

„Опел капитен“ од 1941 година, кој служеше за снимање сцени од филмот „Ослободувањето на Скопје“ во 2014

Посебно интересни за младите, а на кои со носталгија се сеќаваа повозрасните посетители беа возилата изработени и возени масовно во поранешна Југославија како популарните „Стоеден“ или „Стојадин“ и „Фиќо“ односно возилата „Застава 101“ и „Застава 750“ , произведени од фабриката „Застава“ во Крагуевац, Србија.

Меѓу изложувачите беше и славното „Рено 4“ од Стојаково, рекордер по извозени километри во 48-та година од производството, со исто така славните возачи на авантурите со „Реното“, Ѓорги Николов и Џоко Шуклев.

Славното „Рено 4“ произведено пред половина век, кое во три авантури провоза 30.900 километри од Стојаково до Ница, од Стојаково до Кинескиот ѕид и од Стојаково до Тоскана

Стојачани докажаа дека уште имат убавица за изложување, рекордер по извозени километри, автомобил со вредност и докажана репутација.
Ова се сите изложени автомобили, олдтајмери:

Од локалните автомераклии со своите возила се претставија Александар и Андреј Мирчевски од Велес. Тие на изложбата ја донесоа и француската убавица „Пежо 203“ во бела боја од 1951 година во исправна состојба која била реставрирана од нивниот татко Борче Мирчевски страствен колекционер и мајстор за реставрација на олдатјмери, и еден од основачите на здружението „Кралеви на улиците“ од Велес, кое е организатор на изложбата.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Заврна првиот снег на Кожуф

Next Post

Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Донација од семејството Поп-Ристови за Психијатриска Болница Негорци

Донација од семејството Поп-Ристови за Психијатриска Болница Негорци

3 години ago
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Гевгелија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Гевгелија

2 години ago
Епов втор на полумаратон во Грција, Чалков трет

Епов втор на полумаратон во Грција, Чалков трет

4 години ago
Празнично и работно – Еколошка акција на младите од ГТК-Гевгелија

Празнично и работно – Еколошка акција на младите од ГТК-Гевгелија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Забрана за пиење на водата од ПЕТ јавни чешми во Гевгелиско
  • Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!
  • Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Забрана за пиење на водата од ПЕТ јавни чешми во Гевгелиско

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Забрана за пиење на водата од ПЕТ јавни чешми во Гевгелиско

октомври 15, 2026
Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!

Започна 19-от традиционален ултра маратон за ТОШЕ!

октомври 15, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist