Македонската пејачка Тина Русева доби најмногу гласови од публиката во „Гласот на Европа“, а со тоа и најмногу поени во трката за првата позиција на музичкото шоу.
Сепак, пред Тина е уште еден предизвик и треба да ги добие гласовите од жирито.
Пресреќна од овој резултат Тина се јави на социјалните мрежи со порака до своите фанови и поддржувачи со пораката:
– „Луѓе мои! Благодарам до секој еден од вас кој гласаше, сподели и ме поддржа во последната фаза од ова натпреварување. Убедливо ги добивме најмногуте гласови од страна на публиката“, објави Тина.
Засега Тина е во ТОП 2 , со добиени 36.500 гласови од публиката. Ги очекуваме и одушевувањата и гласовите од жирито.
Среќно!



















