„Македонско девојче“ и сплет од македонски песни одекнуваат во Воден, Егејска Македонија (Едеса, Грција), од грлото и умешноста на македонскиот музичар Ѓорге Лазаров.
Тој е валандовчанец кој живее и работи во Воден. Својата музукалност ја споделува на платото пред водопадите кај Воден, а инаку ги подучува младите во Воден на инструментите кои ги владее: тапан, хармоника, гитара и бубњеви. Бидејќи овде претежно живее македонско население, ни’ вели: „Ги учам младите на македонски јазик“. Значи, ем музика, ем македонски јазик, да не се заборават културните корени и идентитет. Со културно-уметничкото друштво од Воден настапувал во Европа, со песни, ора и игри од воденско и од Егејскиот крај.
Многу туристи од Велика Британија, Бугарија, Романија и други денес беа сведоци на убавата македонска песна.
За пријатен викенд 🪗🎵🎶




















