Вториот натпреварувачки ден на спортскиот настан во Гевгелија „November Run“ беше резервиран за сениорските конкуренции на траса од 5 и од 10 километри, со тоа што втората трка на 10 километри од Атлетската Федерација на Македонија се бодуваше како Државно првенство на Македонија за дисциплината трка на 10 километри.
По дождливо време и водени улици спортистите беа решителни и неуморни да го постигнат својот максимум и да се искачат на некој подиум од трите најбрзи атлетичари кои ќе пристигнат на Целта.
Еве ги резултатите на најдобрите пласирани на Прво, второ и трето место и најдобрите гевгелиски атлетичари од АК „7 Ноември“, кои се приближиле до светските атлетски елити,
ТРКА на 5KM жени, подиумите ги освоија:
1. Loise Wambua KIARIE – родена 2000 – KEN – време 00:16:36
2. Mejra Mehmedovich – родена 2006 – SRB – време – 00:17:45
3. Darija Krstevska – родена 2009 – MKD AK „Olimp“ – 00:18:34
Вкупно женски 282 учеснички.
Најдобра учесничка од Гевгелија на оваа трка е 12 годишната АНА БЕГОВА која освои 7-мо место од 282 учеснички, жени сениорки, постигнувајќи време од 20:01 минути.
На трката од 5 км тимот на АК „7 Ноември“ Гевгелија освои ВТОРО место со најдобро тимско време на трасата од 1:41:55 час. Тимот го сочинуваа:
1. АНА БЕГОВА – време 00:20:01
2. Ана Марија Митрова – време 00:25:26
3. Камелија Србова – време 00:28:14
4. Цеца Србова – време 00:28:14

Во истата дисциплина трка 5 КМ мажи резултатите се следни:
1. Raphael Gacheru KARITA – роден 1999 – KEN – време 00:14:37
2. Урош Гутић – роден – 1997 – BIH – AK „Инвиктус Пале“ – време 00:15:48
3. Muxhahid Mislimi – роден 1994 – MKD – „Uskana“ – време 00:15:52
Најдобар резултат на гевгеличанец е освоеното 13-то место на Влатко Семенаков, роден 1984 – MKD – AK „7MI NOEMVRI“ GEVGELIJA – време 00:16:59 минути и ПРВО место во категорија М 40-49.

Вкупно на трката за мажи на 10 км учествуваа 408 атлетичари.
Машкиот тим на АК „7 Ноември“ освои 4-то место екипно на трката од 5 километри во состав:
1. Влатко Семенаков – време 00:16:59
2. Максим Ангов – време 00:17:41
3. Даниел Анчев – време 00:18:28
4. Ѓорге Папучиев – 00:18:31

Меѓу помалите учесници на трката од 5 километри за мажи беше и 10 годишниот ТОМЧЕ ПЕТКОВ од Гевгелија кој настапи на првата линија од стартот, постигна време од 00:20:43 минути и се пласираше на 49-то место во севкупна конкуренција од 409 машки учесници на трката од 5 километри. Оваа категорија не е вообичаена за деца, па не е предвидено бодување по генерациски резултати, но ние го издвојуваме како најуспешен 10 годишник, УЧЕСНИК на 5km „November Run“ 2026 и единствен победник во својата генерација.

Резултатите за трка на 10 КМ жени:
1. Valentine JEBET – 1997 – KEN – 00:32:27
2. Jecinta Mwende KAMAU – 2001 – КEN – 00:33:58
3. Gresa Bakraqi – 1995 – KOS – АК „ОЛИМП“ – 00:36:35
Најдобар пласман од гевгелиските атлетичарки од АК „7 Ноември“ имаше Викторија Тодоровска (1992)MKD која истрча со време од 00:44:49 минути и го освои високото 10 место од вкупно 152 женски натпреварувачки.
Освоен подим од Валентина Узунова, ВТОРО место на 10km во категорија „Жени 60-69“, со време од 01:06:12 час. 60 годишната Валентина е атлетски ветеран кон не се откажува од спортските предизвици, трча секогаш насмеана, а еве и се’ уште знае да победува. Валентина на трката во Гевгелија настапи во боите на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.

Резултати 10КМ мажи:
1. Elzan Bibic – 1999 – SRB – време 00:28:45
2. EMIL MILLÁN DE LA OLIVA – 2001 – SWE – време 00:28:49
3. Seare Weldezghi – 1996 -ERI – 00:29:44

Најдобар пласман од гевгелиските атлетичари од АК „7 Ноември“ имаше Стеван Ѓошев освојувајќи го 44-то место со време од 00:40:19 минути. Стеван освои 9-то место во својата категорија М 40-49.

Гевгелиските улични трки и годинава донесоа квалитет со учество на спортисти од светот, национални рекордери, освојувачи на меѓународни подиуми. Освен од Македонија учество зедоа спортисти од Србија, Бугарија, Чешка, Латвија, Босна и Херцеговина, Грција, Кенија, Шпанија, Шведска, Еритреја, Хрватска, Франција, Косово.

Честитки за сите учесници, Честитки за медалоносците, победниците и оние кои ги поместија своите граници на спортските достигнувања на терен понесени од спортскиот порив кој го создаде масата учесници на „November Run 2026“ Гевгелија.



















