Ана Бегова, Влатко Семенаков, Викторија Тодоровска и Тодор Анчев се членови на ПОБЕДНИЧКИОТ штафетен тим на АК „7 Ноември“ од Гевгелија кои денеска победија во штафетниот маратон на „Скопскиот маратон 2026“.
Ана, Влатко, Викторија и Тоше се најбрзиот тим во Македонија и во меѓународна конкуренција, победувајќи со севкупно време од 2 часа, 51 минута и 55 стотинки на трасата од 4 х 10 километри.
Поединечниот придонес во ова победничко време за гевгеличани, всушност победници во штафетниот маратон е следниот:
– Ана Бегова трасата од 10 км ја истрча за време од 44:14 минути, или во просек 4:22 min/km,
– Влатко Семенаков истрча најдобро време од 39:43 минути (3:36 min/km во просек);
– Викторија Тодоровска – време 46:14 минути, (4:34 min/km); и
– Тодов Анчев – време од 41:44 минути (просек 3:47 min/km).

Ова е прва трка на 10 километри и прва победа на „штафетен маратон“ за 12 годишната Ана Бегова, атлетската надеж на Македонија.
На Скопскиот маратон денеска учествуваа 15.020 атлетичари од 63 земји од светот. Од целата домашна и меѓународна конкуренција гевгеличани успеваат дома да се вратат со 4-ри ЗЛАТА, 4-ри ПОБЕДНИЧКИ ШТАФЕТНИ МАРАТОНСКИ МЕДАЛИ и ПОБЕДНИЧКИ ШТАФЕТЕН ПЕХАР.
ЧЕСТИТКИ!





















