сабота, 21, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

ВИДЕО и ФОТО: Отворена изложбата “СПОМЕНИ ОД СЦЕНАТА” за првата детска опера во Македонија

Гевгелиската публика синоќа беше сведок на една музичка културно-оперска историја која се изнедрила во почетоците на XX век, во 1924 година со поставката на првата опера во која учествувале деца од Гевгелија

ноември 21, 2026
in SHOWBIZ, Музика
ВИДЕО и ФОТО: Отворена изложбата “СПОМЕНИ ОД СЦЕНАТА” за првата детска опера во Македонија
0
SHARES
11
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелиската публика синоќа беше сведок на една музичка културно-оперска историја која се изнедрила во почетоците на XX век, во 1924 година со поставката на првата опера во која учествувале деца од Гевгелија.

Овој настан беше спојување на минатото со сегашноста и едукација на сегашните генерации дека музичката историја на Гевгелија не се само блех музичарите, градските свирачи, групи и фолклорни ансамбли, туку дека југот е зародишот на оперскиот музички живот во Македонија со поставувањето на првата детска опера „Принцезата Ружа“.

Related posts

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026
ВИДЕО: Големо и гласно збогување од Мишо Ковач на Пољуд, во Сплит, Шибеник..

ВИДЕО: Големо и гласно збогување од Мишо Ковач на Пољуд, во Сплит, Шибеник..

ноември 4, 2026

Музичкото дело било авторство на рускиот имигрант Сергеј Михајлов кој живеел и работел тој период во гимназијата во Гевгелија каде предавал музичко образование, а поради недостаток на кадар и математика. Своето дело го поставил на сцената во Гевгелија во изведба на деца оперисти, ученици од гевгелиската гимназија. Оперскиот состав го сочинувале 8-мина ученици, а научно-историското истражување го откри главниот лик на операта „Принцезата Ружа“, 13 годишната Драга Ѓоргевиќ.


Дара била со извонредни гласовни можности, открива за неа внуката истоименичка Драгица Карајанова (Даскала) која се сеќава во детството дека често, многу често баба и’ Дара и раскажувала како била принцеза и ги покажувала фотографиите од претставата „Принцезата Ружа“ и понесена од сеќавањата ја пеела својата оперска улога пред единствената публика, својата внука.  Малата тогаш Драгица вели дека ги држела во рацете рачно испишаниот нотен запис од операта на Сергеј Михајлов несвесна дека во рацете држела македонска музичка историја за зачетокот на оперскиот живот во Македонија пред 102 години.

Изложба „Спомени од сцената“ која беше отворена во салонот на х.Аполонија во Гевгелија, сведочи за зачетокот на оперскиот живот во Македонија, за културниот момент кој го испишала Гевгелија во музичката историја на Македонија, за посветеноста на семејните сеќавања во откривањето на таков значаен културно-историски момент за државата и улогата на образовниот живот во Гевгелија за создавање на нови музички вредности.

На изложбата се презентираше културната музичко-оперска историја на Македонија и Гевгелија, стара 102 години.
На настанот зборуваа:
– Наташа Диденко, проф. Д- р истраживач и научник;
– Драгица Карајанова (Даскала), внука на првата оперска изведувачка, 13 годишната Драга Ѓорѓевиќ од Гевгелија;
– Билјана Ристовска Јосифовска, промотор на изложбата.
Настанот беше во организација на ЈОУ библиотека “Гоце Делчев”, фамилијата Карајанови, а поддржан како проект од Општина Гевгелија.

Драга Ѓоргевиќ не станала оперска певица. На првото гостување со детската опера „Принцезата Ружа“ во нејзина главна улога, во Струмица и во Штип ги добила комплиментите од публиката и музичките познавачи. Но еден бил судбински: „Имаш прекрасен глас Драга. Штата што си се родила во мал град“. Тогаш Гевгелија броела 5.000 жители, а со гостувањето во Штип нивниот професор Сергеј Михајлов бил задржан без да му дозволат да се врати со учениците од оперскиот состав во Гевгелија, бидејќи во него откриле извонреден талент, па зошто да го троши во малата Гевгелија, а не во некој поголем град. Следната година тој ја поставува операта „Паљачи“ на сцената во Скопје. Но, историски факт е дека Гевгелија е никулецот на оперскиот живот во Македонија, со поставувањето на првата детска опера „Принцезата Ружа“ во 1924 година од минатиот век.

И, ве интересира ли што станало понатаму со оперетката „принцезата Ружа“, ученичката Драга? Таа завршува гимназија во Гевгелија, се венчава со саканиот од семејството Карајанови, работи од 1927 до 1934 година во мануфактурната работилница на својот брат Костадин Ѓоргевиќ, а во од 1934 до 1947 година работи во свој сопствен дуќан како жена-претприемач, самостоен стопанственик.

Фото записи и податоци од Драга Ѓоргевиќ Карајанова како претприемач во својот дуќан во Гевгелија

Така, еден детски талент од музиката станал стопанственик, сопруга, мајка и баба, која ги распослала своите музички гени во поширокиот круг на своето потомство фамилија Карајанови, Шарланџиеви, Каленикови …

  • „Драга е дел од Гевгелија, Гевгелија е дел од нас, а приказната продолжува…!“ – со овие збориви авторката на ова музичко-историско истражување и историска прошетка по минатото Наташа Диденко ја заврши презентацијата на изложбата најавувајќи создавање на монографија за овој културно-историски момент на Гевгелија и устоличувањето на топлиот југ за никулец на оперскиот живот во Македонија.
https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2026/11/Anastasija-princezata-Ruza.mp4
  • „Град што ги негува приказните за своите луѓе, ја чува и својата културна историја“ – рече промоторката на изложбата проф.д-р Билјана Ристовска Јосифовска оддавајќи признание на Гевгелија за целата соработка во откривањеро на овој културно-историски момент за Гевгелија како центар на појавата на оперскиот живот во Македонија.
Анастасија, правнука на Драга Ѓоргевиќ, омажена Карајанова

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Тежок пад на Линдзи Вон на ЗОИ 2026

ВИДЕО: Тежок пад на Линдзи Вон на ЗОИ 2026

10 месеци ago
ВИДЕО: Костадин Зајринов од Гевгелија 11-ти на Државното првенство во пливање

ВИДЕО: Костадин Зајринов од Гевгелија 11-ти на Државното првенство во пливање

1 година ago
30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА СИЛУВАЊЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА

4 години ago
Шаховскиот клуб „7 Ноември“ Гевгелија стана ПРВОЛИГАШ

Шаховскиот клуб „7 Ноември“ Гевгелија стана ПРВОЛИГАШ

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО и ФОТО: Отворена изложбата “СПОМЕНИ ОД СЦЕНАТА” за првата детска опера во Македонија
  • Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“
  • Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО и ФОТО: Отворена изложбата “СПОМЕНИ ОД СЦЕНАТА” за првата детска опера во Македонија

ВИДЕО и ФОТО: Отворена изложбата “СПОМЕНИ ОД СЦЕНАТА” за првата детска опера во Македонија

ноември 21, 2026
Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

Жителите на Давидово сами си изградија пат до манастирот „Св. Илија“

ноември 20, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist