На стадионот „Пољуд“ во Сплит се одржа големо збогување за Мате Миша Ковач, кој почина во саботата на 86-годишна возраст. Заедно со десетици илјади граѓани, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, неговите пријатели од светот на музиката и бројни политичари му оддадоа последна почит.
Збогувањето го организираа Градот Сплит, ХНК Хајдук и Хрватскиот музички сојуз, заедно со навивачката група „Торцида“. Како што објави ХРТ, сите 34.000 бесплатни билети беа поделени, а трибините почнале да се полнат неколку часа пред почетокот на програмата, со навивачи од цела Хрватска. Владата на Хрватска го прогласи вторникот за Ден на национално сочувство. Сопругата на Мишо, Лидија, беше меѓу првите што пристигнаа на стадионот.
Последното опело за Мишо беше проследено со запалени светла од мобилните телефони на 35.000-та публика присутна во стадионот „Пољуд“.
На збогувањето покрај Лидија Ковач присуствуваа и Пленковиќ, градоначалникот на Сплит Томислав Шута, градоначалникот на Сиња Миро Буљ, Томислав Мрдуљаш од Хрватскиот музички сојуз и други.
- „Мишо е Далмација, а Далмација е Мишо“. Пленковиќ, како што пренесува портал, рекол дека си заминал човек кој бил симбол на татковината, идентитетот и гордоста.
– „Феноменална атмосфера на ’Пољуд‘ – навистина голем израз на почит кон Мишо Ковач, пејачот со најмногу продадени носачи на звук, човек кој остави трага и во Далмација и во Хрватска, и човек кој ги отелотворува далматинските корени во секој од нас. Тој не само што живее меѓу нас, туку е и дел од нашиот идентитет“, изјави премиерот за RTL.
Официјалниот дел од програмата го отвори Ален Нижетиќ со песната „Не можам ништо друго“, а целиот стадион едногласно пеел „Сви пјевају, ја не чујем“(„Сите пеат, јас не слушам“). Торцида развила голем транспарент посветен на пејачот покрај трибината и запалила црвени факели. Грдовиќ плачел додека ја пеел „Женски солзи сè уште течат денес“. Сопругата Лидија не ги издржа емоциите од загубата на својот Мишо и толкавата љубов искажана од публиката, потклекна, не ја држеа нозете од болка.
По Пољуд, возилото со останките се упатило кон Задар, преку родниот Шибеник на Ковач. Ковач ќе биде погребан во загрепски Мирогој, покрај неговиот син Еди, во семејниот круг, во среда, 4 ноември.
Вака го испратија со песна жителите на неговиот роден град Шибеник:
Почивај во мир Мате!




















