Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави на ЗОИ во Италија, доживеа тежок пад.
Таа падна уште во раната фаза од спустот на патеката во Италија, по што и беше укажана лекарска помош, а на патеката се слушаше како Линдзи плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи на патеката, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да се пристапи со хеликоптер за брз транспорт до болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Ова предизвика прекин на натпреварите во спуст во женска категорија од 25 минути. Публиката беше ужасната од глетката на страшниот пад на Вон.


41 годишната Вон е трократна освојувачка на Олимписки медали – злато во Ванкувер, како и бронза во велеслалом, и бронза во Пјонгачанг од 2018 година.
Таа се надеваше на успешен повраток на скијачките патеки после тешката повреда на лигаментите на коленото. Иако и’ било советувано да не настапува на ЗОИ 2026 со залеченото колено таа самата одлучила да скија на олимписката патека.
Американката дојде на Олимпијадата со повреди. Таа падна за време на натпреварувањето од Светскиот куп во Кран-Монтана (Швајцарија) на 31 јануари, што резултираше со скинат преден вкрстен лигамент, модринка на коската и скинат менискус на левата нога.
Лекарите ќе направат се’ што можат да ги намалат болките и санират повредите на Линдзи по тешкиот пад на патеката, но се чини дека крајот на скијањето за оваа повеќекратна Американска шампионка ќе биде тажен.
За состојбата на Вон се чекаат официјални информации од организаторите на Олимпијадата во Италија.




















