Младата и исклучително талентирана ТИНА РУСЕВА Е ПОБЕДНИК на Големото талент шоу „THE VOICE OF EUROPE”.
Таа освои севкупно 2000 гласови од жирито и синтетизирани бодови од гласовите на публиката и е уверливо најдобар глас на Европа, ЕВРОПСКИ ПОБЕДНИК на музичкото талент шоу „THE VOICE OF EUROPE”!
21 годишната Тина Русева од Струмица која живее во Германија со својот глас ја воодушеви европската публика со моќни настапи во сите натпреварувачки фази од шоуто , со што публиката ја нарече македонската Витни Хјустон.
БРАВО Македонско девојче за гордоста која ни ја посвети! ⭐🌟⭐
Тина се заблагодари со порака до својата публика и сите кои ја поддржаа во гласањето до ПОБЕДАТА:
Еве како звучеше нашето македонско девојче на патот до победата, ова е финалниот настап со “Do It Like A Dude” од Jessie J, а нашата Тина гордо се претстави дека е од Македонија:
Моќната изведба на песната „Killing Me Softly” од Fugees го крена жирито на нозе, а Тина предизвика и овации од публиката:




















