„Чат ЏПТ и Македонците” е насловот на новиот текст од турнејата на Бојан Велевски, која започна синоќа пред полна сала и 700 луѓе во Тетово. Следниот настан е токму во Гевгелија и ќе се одржи на 07.10. 2026, во 20 часот во Народниот Театар.
- „Гевгелија официјално беше поставен како втор град на турнејата. Сакав да им ја укажам таа чест на гевгеличани после полната сала на минатата турнеја. Текстот го работевме заедно со Божидар Божиновски и сметам дека го поставуваме нов левел на квалитет во однос на се’ што во моментов се нуди на сцената“ – вели Бојан.
Картите се во „Лени“ Тобако и „Кафе ИН“ и во моментов околу 30% од капацитетот на салата е пополнет.
Од тимот на Бојан најавија дека реприза во Гевгелија нема да има до пролетта 2027 година, поради густиот распоред на комичарот и по завршување на турнејата.





















