Првата градска трка во општина Илинден, низ улиците на Скопје, наречена „ILINDEN LIFE RUN“ привлече 1.000-но учество на атлетичари од земјата и соседството, меѓу нив и 10 член тим од „Школата за атлетика“ при Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија.
Како и секогаш, нивното учество не остана без освоен подиум, или медал. Остварени се следниве резултати:
1. ПЕПИКА ДЕБНИКОВА – ПРВО место во детска трка на 200 метри, освоен победнички пехар и медал, категорија девојчиња до 9 години;
2. ТОМЧЕ ПЕТКОВ – ТРЕТО место во детска трка на 400 метри, категорија машки 10 години;
3. АНА БЕГОВА – ТРЕТО место на 600 метри, категорија родени 2013-2014;
4. МАТЕЈ ЈАНЕВСКИ – ТРЕТО место, на трка од 600 метри, 13 годишен, категорија родени 2013-2014

Еве ја победничката трка на Пепика. Ги остави конкурентките пет чекори зад неа!!!
Децата од „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ не останаа само со овие резултати од подиумите на детските трки. Тројца од нив трчаа и во сениорска конкуренција на трката од 5 километри и штафетна трка MIX 2х5км, и ги постигнаа следните завидни резултати:
1. МАКСИМ АНГОВ – време 18:12 мимути, траса 5 км, возраст 13 години, освоено 18 место во севкупна конкуренција на сениори-мажи;
2. ТОМЧЕ ПЕТКОВ – време 22:37 минути, трка 5 км, возраст 10 години, освоено 56 место во севкупна конкуренција сениори-мажи;
3. АНА БЕГОВА – време 20:53 минути, трка 5 км, возраст 12 години, освоено ВТОРО место во категорија MIX мажи и жени „штафетна трка 2х5 км“.



Честитки за вредните млади атлетски сили на АК „7 Ноември“!




















