Две трки два освоени подиума и два медала за гевгелиската Атлетска надеж Ана Бегова на „Ининден Лајф Ран“ што се одржа денес во Скопје во општина Илинден.
Ана трчаше детска трка на 600 метри во конкуренција на деца родени 2013 и 2014 година и го освои ТРЕТОТО место.
Во „Штафетната трка 2 х 5 км“ трчаше со својот тренер Тоше Анчев и заедно се пласираа на ВТОРО место, освојувајќи подиум и медал за вицешампионскиот штафетен резултат.

Ана има 12 години и со своите резултати стана забележителна за спортската јавност и спортската публика.
Денешната трка 2 х 5 км, односно 10 километри MIX која ја трчаше со својот тренер ја поминаа со време од 39 минути и 58 секунди и го освоија ВТОРОТО место. Ана трчаше прва и истрча траса од 5км за време од 20:53 минути, а тренерот Анчев со време од 19:05 минути.

Инаку денеска Општина Илинден собра над 1000 учесници на првата улична атлетска трка „ILINDEN LIFE RUN“.
Во рамки на првото издание на „ILINDEN LIFE RUN“ учествуваа 600 учесници во категориите за возрасни и 400 учесници во детските категории. Се трчаше на 5 и 10 километри, штафета 2×5 километри, како и детски трки на 100, 200, 400 и 600 метри.

Од останатите учесници на градската атлетска трка во Илинден, од гевгелискиот клуб АК „7 Ноември“ успех во категорија М 40+ имаше Влатко Семенаков на трасата од 5 километри со ПОБЕДА и Медал за најдобро истрчано време од 17:01 минута. Oва е негов најнов личен рекорд на траса од 5 км.

Тоа значи, успешен настап на учесниците од АК „7 Ноември“ Гевгелија на првата трка „ILINDEN LIFE RUN“ 2026.
Честитки!




















