петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

Раководството на тимот ги претстави амбициите на КК „Кожув“, составот на играчкиот и стручниот кадар, како и приоритетите за претстојниот период

септември 29, 2026
in СПОРТ
КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата
0
SHARES
339
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По повод стартот на новата натпреварувачка сезона под покровителство на Кошаркарската федерација на Македонија раководството на КК „Кожув“ Гевгелија вчера се обрати со прес конференција до јавноста, до својата публика и навивачите, за тоа какво првенство ги очекува и какви резултати планираат да остварат.

На пресот се обратија:
– Зафир Чучанов – претседател на КК „Кожув“
– Александар Димитровски – спортски директор на сениорскиот тим
– Мишо Тодоровиќ – прв тренер на КК „Кожув“
– Илија Колев – капитен на екипата
– Перо Блажевски – координатор на младинската академија

Related posts

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

ноември 16, 2026
РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

ноември 16, 2026

Овој викенд започнува новата сезона, а целта на пресот е да се запознае јавноста и навивачите на „Кожув“ со амбициите на КК „Кожуф“, составот на играчкиот и стручниот кадар, како и приоритетите за претстојниот период.

Претседателот Чучанов информираше во однос на сениорскиот тим нагласувајќи дека:
– „Последните две години завршивме на 5-то место во Македонската Супер лига. Оваа сезона, чекор по чекор, целиме да бидеме меѓу првите четири екипи. Очекуваме едно од најнеизвесните првенства досега, со оглед на силата на ростерите кај сите клубови“ – најави искачување за едно место погоре на табелата претседателот Чучанов.

Во однос на младинската академија тој нагласи:
– „Овој викенд започнуваат и младинските натпревари. За првпат, четири генерации на КК „Кожуф“ ќе учествуваат во младинските лиги. Со назначувањето на Перо Блажевски како координатор, работата со младите станува врвен приоритет. Нашата цел е во следните 3–4 години да изградиме систем кој ќе донесе видливи резултати“.

Чучанов, дополнително најави дека КК „Кожув“ ќе потпише меморандум за соработка со КК „Гевгелија“ – чекор кој ќе придонесе за развој и унапредување на кошарката во регионот.

Спортскиот директор, Александар Димитровски зборуваше за тренинзите на сениорскиот тим кои започнале надежно на 20 август. Тимот е подмладен, со 7 играчи од 12-те во тимот кои се од Гевгелија, со можност за зголемување на локалните спортисти. Тројца се странци, овде е и истакнатиот MVP на Супер лигата од редовите на „Кожув“ Тери Амстронг.
Димитровски ја најави и првата утакмица која ќе се одигра следната недела со КК „Маџари“, сега КК „Скопје“.

Тренерот Мишо Тодоровиќ истакна:
– „Кожув е клуб со традиција, Кожув е клуб кој играл финале во Супер лигата, играл финале и во Купот, Кожуф е бренд кој опстои долги години на кошаркарската мапа. Така да, наша цел е да дадеме максимум. Целта на играчите и на нас како стручен штаб е да се бориме за секој натпревар, да дадеме се’ што можеме, бидејќи мислиме дека така и гевгелиската публика ќе го препознае она за што сме тука. А, тоа е, да се бориме за секоја топка и за секоја минута за да извадиме што е можно подобар резултат“.

Капитенот Илија Колев ја истакна младоста на тимот, најавите дека годинава системот на кошарката е променет „Не очекува побрза кошарка со друга динамика, се очекува од нас да се бориме за секоја топка, да дадеме се’ од себе и да се бориме на секој натпревар за победа“. Колев изрази благодарност од бодрењето на публиката, како и навивачката група „Фантоми“ и ги покани сите да им се придружат како „ветер во грб“ на првиот натпревар овој викенд.

„Meet the TEAM“

Перо Блажевски, координатор на младинската академија, ги најави активностите со младите генерации кошаркари, очекувајќи зголемен интерес за кошаркарската академија на КК „Кожуф“ од страна на младите. „Секако, со полуларноста на сениорскиот тим, со остварувањата, се надеваме и на зголемен интерес од помладите за кошарката“ – истакна Блажевски на прес конференцијата.

Претседателот на клубот, Чучанов ги покани присутните и јавноста да се придружат на настанот „Meet the TEAM“ кој се одржуваше на платото пред Народниот театар во Гевгелија, во чии простории се одржа пресот, со цел граѓаните да се запознаат со тимот на КК „Кожув“ во личен контакт, со подмладокот, младите членови на кошаркарската академија и да споделат некои свои мислења, прашања, или интерес за кошарката.

Отворен јавен настан „Meet the TEAM“ за сите љубители на кошарката

Инаку, Кошаркарскиот клуб  „Кожув“- Гевгелија има своја седумдецениска спортска историја, но највисоките достигнувања ги постигнува последните 10-13 години.

Клубот е основан во 1955 година. Во својата долгогодишна спортска историја, најголемите успеси ги бележи со пласманот во финалето на Првата македонска кошаркарска лига во 2013 година и финалето на Купот на Македонија во 2015 година, како и со освојувањето на меѓународната БИБЛ (Балканска) лига во 2019 година по спојувањето со Блокотехна.

Посакуваме среќен почеток на сезоната и да биде успешна!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Бојан Велевски со големата турнеја доаѓа и во Гевгелија

Next Post

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Next Post
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

„Македонија – чоколаден сон“ – Второ место на „Тортијада 2023“ за Гевгелија

„Македонија – чоколаден сон“ – Второ место на „Тортијада 2023“ за Гевгелија

3 години ago
ГЕВГЕЛИЈА ДЕНЕСКА на 20°C

ГЕВГЕЛИЈА ДЕНЕСКА на 20°C

8 месеци ago
Товарен воз излетал од шините кај Зелениково, Железничкиот сообраќај е во прекин

Товарен воз излетал од шините кај Зелениково, Железничкиот сообраќај е во прекин

2 години ago
ВИДЕО: Масовен протест во Белград -„Предолго молчевме, ајде заедно да ја разбудиме Србија“, порачаа студентите

ВИДЕО: Масовен протест во Белград -„Предолго молчевме, ајде заедно да ја разбудиме Србија“, порачаа студентите

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија
  • Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist