четврток, 1, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Во три РЕНО авантури поминаа 30.900 километри со „Рено 4“ старо половина век и овој рекорд до денес никој го нема надминато

септември 30, 2026
in ФОКУС
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани
0
SHARES
194
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во септември се навршува годишнина од подвигот на РЕНО јунаците Ѓорги Николов и Џоко Шуклев кои се вратија со ДВЕ освоени награди од авто-саем во Италија за својот полувековен олд тајмер „Рено 4“ со кој само во три авто-авантури извозеа 30.900 километри.

На 22 септември 2025 Ѓорги Николов и Џоко Шуклев заедно со нивниот тогаш, 47 годишен олт тајмер „Рено 4“, на Генерален Рено саем во Тоскана, Италија останаа забележителни и влегоа во изборот на ТОП 5 возила од марката „РЕНО“.
Тие на вториот натпреварувачи ден во Тоскана освоија ДВЕ НАГРАДИ:
– Награда за НАЈСМЕЛ ЕКИПАЖ и
– Награда за ЕКИПАЖ со НАЈМНОГУ ИЗВОЗЕНИ КИЛОМЕТРИ со полувековен автомобил „Рено 4“ низ патиштата во Светот.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Средношколците од Богданци со практична работа го одбележаа денот на фармацијата, гевгелиските средношколци со флаер

Средношколците од Богданци со практична работа го одбележаа денот на фармацијата, гевгелиските средношколци со флаер

септември 25, 2026
Наградите од Тоскана во рацете на Џоко и Ѓорги од Стојаково

Авантурите на Ѓорги Никлов и Џоко Шуклев датираат од 2018 година кога возеа од Стојаково до Ница Франција (релација долга 4.500 км), следната година 2019 возеа од Стојаково до Пекинг, Кина 23.000 километри и минатата година во Тоскана, Италија уште 3.400 километри. Тоа се вкупно извозени 30.900 километри со „Рено 4“ произведено во 1978 година, 30.900 километри „Рено-авантура“.

Рено јунаците со Македонско знаме поздравуваат од Кинескиот ѕид

Наградите се голем поттик за двајцата пасионирани возачи и љубители на Рено, на нивните авантури по патиштата и посветената љубов кон одржување на својот полувековен автомиленик од Рено.

Годинава немаат нова авантура, но може да ги теши фактот дека уште никој друг не го надминал нивниот троен рекорд – ТРИ освоени награди на саемот во Тоскана, ТРИ големи авто-авантури до Ница, Пекинг и Тоскана со авто-миленикот кој го сервисираат, негуваат, чуват и возат скоро половина век.

Славното „РЕНО 4“ од Стојаково, произведено 1978 година

Ѓорги и Џоко се двајца колеги, сограѓани, другари по љубовта кон автомобилите и заеднички ја остваруваат својата авто пасија, да сјаат и возат по патиштата со автомобилска историја стара половина век и да докажат дека не е се во убавината, туку и во истрајноста, одржувањето, перфектната мајсторија на старите производители од минатиот век.

Ова е нов век, нови модели, нова механизација, електроника, автоматика, но возилото од минатото во рацете на двајцата пасионирани возачи и мајстори Ѓорги и Џоко преде како маче по патиштата, и сјае на сонцето како насмевките на Ѓорги и Џоко додека го возат задоволно.

Џоко и Ѓорги на последната „РЕНО авантура“ на пат кон Тоскана, Италија

Среќен пат на двајцата Рено-јунаци и да им најавиме дека очекуваме нова авантура!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

КК „Кожув“ – нова сезона, нов тим, нов стремеж за повисоко место на табелата

Next Post

Во Македонија 54% од населението се пушачи

Next Post
Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелија пред дождот

Гевгелија пред дождот

2 години ago
Антикризни мерки на Владата: По 3.000 денари за пензионерите со најниски пензии, 1200 за основци, 1800 за средношколци

Антикризни мерки на Владата: По 3.000 денари за пензионерите со најниски пензии, 1200 за основци, 1800 за средношколци

3 години ago
Филипче: Имаме обврска да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее

Филипче: Имаме обврска да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее

2 години ago
Нов масакр во Србија:  10 мртви во пукање во Младеновец

Нов масакр во Србија: 10 мртви во пукање во Младеновец

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи
  • Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist