Денешниот Светски ден на фармацевтите, учениците од здравствената струка – образовен профил фармацевтски техничар во СОУ „Богданци“, го одбележаа со практична работа во училишниот фармацевтски кабинет.
Во текот на практичната работа, учениците изработија различни фармацевтски препарати и форми, при што применија знаења за составот, својствата, начинот на подготовка, дозирањето и правилното означување на препаратите:
🧪 3% раствор на борна киселина
🧴 20% маслен раствор на камфор
🍋 сируп од лимон
🌿 5% мацерат од бел слез
🌱 2% инфуз од жалфија
🌶️ тинктура од пиперка
🧴 липофилна маст
🤍 ланолинска крема
💄 балсами за усни
- „Особено значајно е што учениците не учат само што претставува одреден фармацевтски препарат, туку како се подготвува, како се обработуваат суровините, како се мери и дозира, како се избира соодветна фармацевтска форма и како правилно се означува готовиот производ“ – вели нивната професорка Цветанка Солакова која ја надгледува работите на своите ученици.

СОУ „Богданци“ располага со специјализиран и современо опремен кабинет за практична настава, создаден за учениците стекнатото теоретско знаење да го применат во реални практични услови.
– „Особено се радуваме што СОУ „Богданци“ создава и образува нови генерации идни фармацевтски техничари, подготвени своето знаење, вештини и професионалност да ги вложат во иднината на фармацијата“ – велат од Средношколското општинско училиште Богданци.

Ова е денешниот производ – крема за надворешна употреба, направена од природни состојки. Подготвени ли сте да го испробате, знаејќи дека не чини колку брендираните марки, во чија цена во голем дел е вклучена и вредноста на брендот.
Гевгелиските средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски“ здравствена струка го одбележаа денот на фармацијата со флаер и споделиja дека науката е важна за здравјето на луѓето зошто секој лек е создаден со знаење.


Честот ден на фармацијата на идните фармацевти и посветени ученици да osoznaat научни вредности и се вклучат со свои дела во грижата за здравјето!



















