Мајката Божја, после чистиот овоземски живот, е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот Пресвета, бидејќи низ смртта преминала во вечен живот како и нејзиниот син Исус Христос.
Денот на нејзиното успение народот го празнува како Голема Богородица Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството. Затоа се посетуваат храмовите со нејзино име и црквите каде пред нејзините икони се принесуваат дарови за здравје, за рожба, за среќен семеен живот.

Денот посветен на Успението на Богомајката утрово привлече многу верници на Празнична утрена и Свечена литургија во свечено украсените црковни храмови во Гевгелија.
Во манастирот „Св. Спас“ – Гевгелија, е изложен светиот Епитаф на Мајката Божја, пред кој верниот народ може со љубов и молитва да се поклони и да ѝ оддаде почит.

Светол ден за сите со милоста на Богородица!
Честит именден за сите кои го носат нејзиното благородно име: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…
🌺 За многу години да е празникот на Успението на Мајката Божја, родилката Христова! 🙏🕊️



















