Празничниот продолжен викенд донесе многу гости, посетители и транзитни туристи денеска, на празникот Успение на Пресвета Богородица во јужното туристичко летувалиште Дојран и Дојранското езеро.
По тој повод, свештеник од локалната црква „Свети Ѓорги“ од Нов Дојран одржа утрово Празнична Утрена и Свечена Богослужба пред црквата „Света Богородица“ во Стар Дојран. Црквичката е мала, параклис и се наоѓа на плажата кај ЕЛЕМ. Токму заради тоа најголем број посетители на црковното одбележување на празникот беше од страна на локални туристи и посетители.

Во духот на верата, со добра промисла и молитва посетителите приложија и мала закуска за верниците кои на ваков начин го чествуваат празникот во Дојран, празничен колач, вино, локални сезонски овошја, колачи и апетисани.

Верниците палеа свеќи за здравје во параклисот на Св.Богородица.

Да е за многу години празникот и да е на помош Мајката Божја и за славениците, и за сите верници, христијани!



















