Деновиве излезе официјалниот видео запис со текст од новиот сингл на Теодора Гошева Капсарова „It’s OK“ – млада музичарка од Гевгелија, која веќе 15 години настапува на локалните сцени, со изведби на популарни песни, но и свои авторски трудови.
Последниот музички запис е со потпис на Теодора, текстот е исто нејзино дело во соработка со странски автор Пит Каули, а аранжманот е тандемско дело со музички стручњак од Америка Џејмс Синклер-Стот, во соработка со Теодора.
- „It’s OK“ е поп-песна што ве тера да се чувствувате добро, за прифаќање на несовршеностите, останување верни на себеси и не дозволување на другите луѓе да ви ја дефинираат среќата. Оваа песна е потсетник дека е во ред да имате лоши денови, да правите грешки, да изедете уште едно парче торта, понекогаш да доцните и едноставно да бидете свои без извинување“ – вели Теодора во посветата на песната.
Теда е музичкото име на Теодора препознатлив во меѓународните музички кругови во кои таа се етаблира со својот стил и музиката која ја создава, а современата техника и’ дозволува компилациските обработки да ги изведува со нарачки дури од Нешвил, Америка. Затоа звукот е оригинален, со гитарата на Теда, со вокална пратечка подлога од Теда, со укулеле како втор инсрумент кој го преферира Теда во своите музицирања.
Слушнете го најновиот музички независен продукт создаден од гевгеличанката Теодора и нејзините соработници од САД, песната . „It’s OK“.
Теодора прв пат на музичката сцена се појави во 2010 година во талент шоуто „Македонски идол“ каде учествуваа и други локални музичари. Од тогаш непрестано пее, мизицира, прави музички обработки, настапува на забавни вечери во кафулиња и настани од значење за заедницата. Пишува музика, текстови, експериментира создавајќи свој стил на изведба и звук. Веќе е сопруга, мајка и семејно исполнета личност, па музицирањето е слободата, љубовта, енергијата која ја чувствува и низ музиката ја експресира својата личност на медиумските платформи и сцената која е нејзин втор работен простор покрај дипломата за бизнис администрација.

„It’s OK“ Теда, само ти работи, создавај, музицирај и разнежнувај ја твојата публика со новитети.




















