Дождовниот период кој започна од вчера во Гевгелија донесе обилна дождовна маса која се пролеа низ улиците, се накваси повеќе од многу земјата, а речните корита забруеја од зголемен водотек.
Само од утрово регистрирани се 11 литри дожд на 1 метар квадратен дожд заклучно до 13 часот, а во текот на вчерашното деноноќие од 07 часот четврток до 07 часот денеска беа регистрирани 24 литри дожд на 1м2 во атарот на Гевгелија. Се’ вкупно до овој момент Гевгелија непрекинато е под дождовен налет на 35 литри водена маса на 1м2.
Таквата состојба предизвика и зголемување на нивото на речните корита низ Гевгелија: Вардар е со подигнато ниво за 20 сантиметри за разлика од вчера, а со повисоко ниво за 88 сантиметри спрема просекот за ноември во текот на 10 годишен набљудуван период.
Освен Вардар, покачено е и нивото на Сува река, на Конска рака, на Петрушка река.
Од УХМР предупредуваат на можни излевања на водата од коритата на реките, а поради заситеноста на земја со дожд можно е и заезерување на подрачјата близу до речните корита. Затоа предупредуваат, граѓаните да избегнуваат движење покрај речните корита и суводолиците, кои очигледно во овој период од дождовната сезона се полнат со вода.
Инаку најмногу дожд денеска се излева во источниот дел од државата, а најголем воден талог наврна во Струмица, 54 литри/м2 во изминатите 30 часа.



















