четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Професија пожарникар – 30 денови во месецот пред огнот

Гевгелиските пожарникари, припадници на ТППЕ Гевгелија, во текот на месец август годинава интервенирале против гаснење на пожар во 30 случаи, во текот на 30 дена од месец август

септември 20, 2023
in ФОКУС
Професија пожарникар – 30 денови во месецот пред огнот
0
SHARES
614
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелиските пожарникари, припадници на ТППЕ Гевгелија, во текот на месец август годинава интервенирале против гаснење на пожар во 30 случаи, во текот на 30 дена од месец август.

Август има 31 ден. Тоа значи дека нашите пожарникари секојдневно биле на терен во заштита на природата, општествените добра и имотот од опожарувања и гаснење на настанатите пожари во атарот на својата надлежност, општините Гевгелија, Богданци и Дојран, без слободен ден, без викенд, без одмор, зошто пожарот не познава „време на починка“

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Пожарникарскиот дневник на ТППЕ Гевгелија вели дека најголемиот број од пожарите во август се пожари на отворен простор, шумски и полски пожари, дури 23 интервенции. Во останатите 7 интервенции за август екипата учествувала во гаснење на опожарена куќа и градежни објекти (3), технички интервенции (2) и групната категорија „останато“ (2), опожарен контејнер и ѓубриште.

– „Во септември заклучно со вчера екипата на ТППЕ Гевгелија учествуваше во гаснење на шест (6) пожари. Во однос на август видно е намален бројот на интервенции“ – изјави за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Тој додаде дека: „Најголема интервенција од септемвриските ангажмани на единицта на ТППЕ Гевгелија беше пожарот во атарот на с.Фурка. Истиот изби на 18.09. во 12:40 часот, а противпожарните сили од Гевгелија (7 лица), Валандово (5), ДППД Дојран (3) и вработени од ШС „Кожуф“ (6 лица) успеаја да го стават под контрола во 18:40 часот. На помош беа и две летала ер-трактори на ДЗС кои гаснеа по краевите од пожарот за да не се прошири кон Казандол, или кон Паљурци како минатите години“ истакна командирот на ТППЕ Гевгелија, Ризов.

Ер-трактор истура товар вода над пожарот во атарот на с.Фурка, Дојранско

 

Во атарот на с.Фурка завчера изгореа околу 200 хектари мешана шума.

Постарите знаат да кажат за професијата пожарникар: „Да ги има, да ги плаќаш, подобро да немаат работа“ (оти тоа значи штета, нечија несреќа, изгубен имот)!.

Од нас ја упатуваме пораката: „Имајте мирен септември, без пожари!“

ShareTweetShareSend
Previous Post

Претрес во дојранско, расчистени девет кражби, двајца во притвор

Next Post

Рождеството на Пресвета Богородица свечено одбележана во с.Богородица, гевгелиско

Next Post
Рождеството на Пресвета Богородица свечено одбележана во с.Богородица, гевгелиско

Рождеството на Пресвета Богородица свечено одбележана во с.Богородица, гевгелиско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Документарен филм „Не биди моја приказна – Охрабри се!“

Документарен филм „Не биди моја приказна – Охрабри се!“

3 години ago
Епов трет на трката „Стани трчај 2023“ во Штип

Епов трет на трката „Стани трчај 2023“ во Штип

3 години ago
Новак го освои трофејот на Синсинати

Новак го освои трофејот на Синсинати

3 години ago
ПРВО место за Валентина, 18-то за Станислав на „Водна-Матка треил“

ПРВО место за Валентина, 18-то за Станислав на „Водна-Матка треил“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist