Градот на југот побрза да ја оствари прогнозата за обилни врнежи, па денеска прими на своето тло вкупно 15 литри/m2 воден талог во изминатите 12 часа.
Улиците измиени и блеснати, но и понеделнички празни.
Утре е нов работен ден, време е за одмор, но не и за транспортерите кои протестираат на ГП “Богородица” и ноќта ќе ја поминат во камионските кабини.
Добра ти ноќ Гевгелија!
Добра Ви ноќ гевгеличани и паркирани транспортери каде и да сте!
Фото: ул. “Маршал Тито” Гевгелија




















