Точно на пладне со вклучени сирени колони од транспортери денеска го изразуваат својот револт од ограничениот престој на професионалните превозници од земји кои не се членко на ЕУ во земјите од Шенген зоната.
Протестот го организира Асоцијацијата на транспортери “Макам транс” и најавено е дека ќе трае 7 дена, и на излез, и на влез од земјите од Шенген зоната. Блокирани се транспортните терминали на сите гранични премини во државата, како и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, чии транспортери ја делат истата судбина како и македонските. ВИДЕО: 📽 Dine Diem
Причината за протестот е правилото за престој од „90 дена во 180 дена“ со кој што се ограничува престојот на лицата од странство, но и на професионалните возачи од земјите не членки на ЕУ кои со ова правило се третираат како туристи. Ова правило го донесе ЕУ и истото значително им ја отежнува работата на превозниците-камионџии.
Правилото ќе почне да се применува на граничните премини на земјите од Шенген зоната од 10 април, а евиденцијата за влез и излез ќе се спроведува електронски, безгрешно точна до минута. Секое задржување подолго од 90 дена се санционира со парични казни и затвор на возачите во земјата каде го надминале престојот повеќе од 90 дена.
Превозниците со месеци бараат решение за овој проблем но одговор се’ уште нема. Велат дека ваквото правило од ЕУ ќе се одрази и на економиите на земјите од Балканот.
Превозниците велат дека нема да отстапат од протестот и блокадите се’ додека не им се овозможи да ја вршат својата работа без страв од казни и затвор.



















