Денес претпладне точно во 10:24 часот календарски започна летото на северната полухемисфера од Земјата каде што е и 🇲🇰.
Сонцето во 12h се издигна највисоко на хоризонтот и затоа денешниог ден ќе биде најдолг и ќе трае 15 часа и 9 минути, се’ до 20:06h кога ќе зајде 🌞
За да се претастави дека веќе е тука, летото денес не’ почести со 🌡35°C, а за утре се подготвува да блеска над Гевгелија до 38-от степен од Целзиусовата скала.
Нема шега, летото започна, не’ чекаат 38-ци, 40-ки, 45-ки🌡…. и ќе трае 93 дена, се’ до 23 септември до 02:05h кога ќе настапи есента.
Уживајте! 🍹🥤🏊♂️🏄♂️🏖




















