Македонецот Бојан Илиевски е победник на најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за 2025/2026 година. Тој вчеравечер, во големото финале, ја освои најголемата поддршка од публиката со повеќе од 50 илјади СМС пораки, и ѝ ја донесе на Македонија четвртата победа во еден од најпопуларните регионални музички натпревари.
Дваесет и петгодишниот пејач, во текот на целата сезона беше меѓу најзабележителните кандидати, а неговите настапи беа под раководство на рокерот Ѓорѓе Давид. За Илиевски оваа награда е огромно признание за музичкиот талент кој го поседува и голем чекор кон најголемиот успех во кариерата.
Оваа победа на Илиевски е уште еден доказ дека нашата земја има исклучителни музички таленти кои бележат големи успеси на регионалната сцена. Бојан стана четвртиот Македонец што успеал да стигне до самиот врв на „Ѕвездите на Гранд“, продолжувајќи ја успешната традиција на нашите претставници во Белград.
Како се градеше македонскиот пат до регионалниот трон
Првата победа на наш претставник во ова регионално музичко натпреварување датира од 2017 година, кога Ристе Ристески стана првиот Македонец што ја освои титулата по гласови од публиката. Неговот успех го трасираше патот на идните генерации кои сакаа да направат кариера надвор од нашите гранци.
Eве го настапот на Бојан во полуфиналето со „Џипси сонг“ на Влатко Стефановски.
Бојан не веруваше во својата победа, беше премногу изненаден, зошто уште во 5-тиот круг сакал да се откаже од натпреварувањето поради проблеми со коцкањето и огромни гдолгови кои ги имал. Но, добил услов од менторот Ѓорге Давид, „Или, или“ со што успеал да го задржи на сцената и да остане во шоуто, и конечно да победи.
Честитки од колегите, од натпреварувачите, солзи радосници и конфети.
Македонија има уште еден победник на „Звезде Гранда“!





















