Вчерашниот работен ден на Кожуф планина беше кобен за еден вработен дрвосечач од ШС „Кожуф“ Гевгелија.
Од МВР известуваат дека во средата претпладне, на ден 12.08.2026 во 10:47 часот во СВР Струмица, од „Шумско стопанство“ Гевгелија е пријавено дека на планината Кожуф, настрадал работник.
Вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва, и додека работел дрвото паднало врз него, по што од здобиените повреди починал.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.



















