Августовското ѕвездено небо над Македонија понуди вистинска природна претстава за сите љубители на астрономијата и ноќната фотографија. По краткото делимично затемнување на Сонцето, метеорскиот дожд Персеиди го достигна својот максимум, создавајќи светлосни траги видливи и со голо око. Граѓаните можеа да уживаат во фасцинантни кадри од метеори што минуваат на ноќното небо.
А утрово шест планети од сончевиот систем се поредија во небесна парада видливи и за нас. Низата ја сочинуваа: Меркур, Венера, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Тоа беше предизвик за ловците на фотографии.
Првиот запис за целосно затемнување на сонцето на 12 август пред зајдисонце објави Скопското Астрономско друштво со снимка на моментот во Шпанија каде Месечината целосно го покри Сонцето, поминувајќи меѓу Земјата и Сонцето, оставајќи приказ на затемнување на сонцето.
Метеорскиот дожд Персеиди, кој секоја година се појавува во средината на август кога Земјата минува низ траекторијата на кометата Свифт-Татл, оваа година понуди одлични услови за набљудување.
Персеидите се познати по својата брзина и јачина. Честичките од прашина и карпи што ги остава кометата влегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од околу 59 километри во секунда. Поради триењето со воздухот, тие согоруваат на височина од 80 до 100 километри, создавајќи светли траги на небото.
Во услови на идеална темнина, астрономите проценуваат дека може да се забележат и до 100 метеори на час.

Овојпат небесниот спектакл над Галичица го забележа Бирачески, создавајќи впечатлив кадар во кој истовремено се гледаат илјадници ѕвезди, Млечниот Пат и еден Персеид.
Во различни делови од утринското небо се најдoa шест планети – Меркур, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Сепак, не сите бea подеднакво лесни за набљудување со голо око, а за најоддалечените планети беше потребна опрема.

Овие феномени на небото астрофизичарите ги нарекоа романтични, за набљудување, за инспирација, величественоста на реткиот момент што можете да го споделите со небото и другите набљудувачи. Изјава на астрофизичарот Neil deGrasse за „FOX Weather“.



















