✨ Музичка ѕвезда е таа што умее да ја натера публиката да пее со неа и да ја наградат заедничката соработка и споеност во моментот, со овации и аплауз. Каролина допре со песната многу срца синоќа во Гевгелија, заради што и ја испратија со овации.
💃🎙 Таа ја имаше честа со својата песна и глас да го финишира 4-то издание на гастрономско-музичкиот фестивал во Гевгелија “Вкуси го Југот”.
ДВЕ ЅВЕЗДИ ВО ЕДНО ✨✨
КАРОЛИНА Гочева со песна на ТОШЕ Проески “Твоите бакнежи на моите бели кошули” не’ потсети на нашиот незаборав, нашиот непрежален музички миленик, на песните кои не разнежуваа и полнеа со љубов.
Каролина е преносник на таа незаборавна љубов вечерва на сцената на “TASTE the SOUTH” во Гевгелија.
Со ѕвездено небо од мобилните телефони на публиката, со поздрав до небото и гласот на македонската музичка дива и огромните аплаузи од гевгеличани се затвара тридневната музичко-гастрономска фешта во Гевгелија.

🥗🍇🥂 Многумина ги пробаа специјалитетите од југот, а илјаден народ уживаше во забавната програма од локални и домашни изведувачи.
Ако не бевте да вкусите нешто годинава, тогаш чујте како звучеше традицијата и песната под небото на Гевгелија и, дојдете догодина!




















