Вкусовите на југот од денеска распослани на 14 штандови од гастрономско-музичкиот фестивал “TASTE the SOUTH” што се одржува од 11 до 13 септември на широкиот простор од “MEGA Shopping Park” на влезот во Гевгелија.
Булеварот “Гевгелија” вечерва стана градско корзо, голем број гевгеличани пеш се упатија на летна променада до штандовите и фестивалската сцена на која се одвиваше главната забава со бројни домашни изведувачи на 4-от по ред фестивалски собир на вкусовите од Југот.
🎙🎶 Предполноќен концерт одржа групата “Куку леле” со Роберт и Панки.
Групата “КУКУ ЛЕЛЕ” со своите познати хитови ја распејаа вечерва публиката во Гевгелија со свој настап на фестивалот “Taste the South” со рефрените кои траат веќе три децении на музичката сцена во Македонија.
Гевгелија пулсираше во ритамот на своите јужни вкусови, опиеност и романтика ❤️💥💫




















