Водите кај с.Негорци, гевгелиско речиси цел век криеле неексплодирана граната од војните од XX век
На 10.09.2026 во 18:20 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во река во близина на с.Негорци, гевгелиско, кај место викано „Кајнак“, била пронајдена стара граната.
Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за подигање на гранатата од страна на стручни лица за демонтирање на неексплодирани убојни средства.



















