Со убедлив победнички резултат од 68 :44 Женскиот кошаркарски клуб „Гевгелија“ денеска оствари победа во финалниот меч против ЖКК „Струга 2009“ и се пласира во ПРВАТА Кошаркарска лига на Македонија.
Со тоа женските кошаркарки од Гевгелија ќе ги гледаме на натпревари од Шпаркасе Првата лига жени во сезоната 2026/2027, а гевгеличани ќе гледаат престижна кошарка со учество на нашите вредни кошаркарки кои денеска се издигнаа едно скалило погоре во натпреварувачката елита.
Натпреварот против ЖКК „Струга 2009“ се одигра денеска во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, каде на домашен терен гевгелиските кошаркарки ја покажаа доминацијата уште во првото полувреме со резултат 34:13, а завршија со 24 предност остварувајќи конечен резултат 68 :44.
Радоста е голема и меѓу кошаркарките, и кај тренерот Мицко Алексовски, а експлодираше кај задоволната публика која со аплаузи и скандирања ги награди своите кошаркарки, прволигашки.


Гевгелија има ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ ПРВОЛИГАШ!
Браво девојки!





















