Македонка од Струмица ја освојува Европа со песна, а со нашите гласови кои може да ги добие вечерва може и да победи на музичкото талент шоу „The Voice of Europe 2025”.
Тоа е младата пејачка Тина Русева која по потекло е од југот на Македонија, а со своето семејство веќе неколку години живее во Германија.
Таа се натпреваруваше во шоуто „Гласот на Германија“ каде постигна голем успех, а нејзините настапи се едни од најгледаните.Заради нејзиниот моќен вокал многумина ја споредуваа со Витни Хјустон и Селин Дион, заради што пејачката е посебно среќна.

Таа вечерва ќе се натпреварува и во големото финале на Гласот на Европа 2025, каде е влезена меѓу шесте најдобри кандидати.
И како што и самата Тина објави на социјалните мрежи (види тука), барајќи поддршка од своите фанови, гласањето за победникот започна вечерва, во 18.00 часот.
Гласањето ќе трае 24 часа, па доколку сакате пејачката од Македонија да победи и да го освои првото место, тогаш вечерва од 18.00 часот гласајте за неа со лајк (срце) на Инстаграм „The Voice of Europe“. Гласајте со лајк на видеото долу:
View this post on Instagram
Објавата на резултатите ќе биде во сабота, 17 јануари, почнувајќи од 20.00, па се до 22.30 часот, кога ќе биде откриен победникот.

Тина има 21. година и потекнува од музичко семејство, а пејачка е и нејзината мајка, додека нејзиниот татко е тапанар.
Досега има учествувано во повеќе натпревари и освоено бројни награди, а на 28 февруари заедно со Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Елена Андоновска ќе пее на хуманитарен концерт во Диселдорф за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Па, доколку сакате да ја поддржите оваа наша млада дама, направете го тоа вечерва, преку линкот и видеото подолу, ставете СРЦЕ за лајк на ТИНА!




















