Димитар Гаспар е неспорно Уметничка легенда на Гевгелија со 7 децениско уметничко творештво во кое создаде бројни дела изложени во Македонија, во метрополите низ Европа, во САД.
Твореше до последниот ден. Замина во вечноста на 84 години живот, а на денешен ден, (17 септември), пред 14 години гевгеличани, пријателите и колегите од уметничката фела го испратија на вечното почивалиште, во Градските гробишта во Гевгелија.
Роден гевгеличанец, живееше во Гевгелија, работеше во неговото уметничко атеље во Гевгелија, а неговите дела го освојуваа Светот. Денес се проценува дека едно негово дело чини и до 50.000 долари.
🎥 Ви презентираме дел од неговотот неговото интервју дадено за GevgelijaNet во 2012 година каде ја покажува неговата скромност, иако уште тогаш беше препознаен како “Уметничка ЛЕГЕНДА на Гевгелија”
Гаспар ја сакаше позитивната страна на животот, затоа уживаше во разговорот и експликацијата на неговиот ликовен опус собран во 68 годишно уметничко творештво (во видео интервјуто направено 2012 година). Беше великан на својот занает, со посебен стил на рељефно-колажно-графичко изразување. Затоа ќе остане незаборавен преку неговите дела кои останаа да ги красат јавните простори, деловните канцеларии, домовите на голем број гевгеличани, македонци и граѓани од светот, со потписот Di Gaspar.
Целото интервју можете да го проследите подолу. Разговорот го води Јованка Дојранлиева.




















