На 15.09.2026 во 10:00 часот, полициски службеници од ПС Гевгелија го лишија од слобода З.М.(40) од с.Миравци, гевгелиско. При претрес на негови катастарски парцели, извршен со судска наредба, било пронајдено стебло од растението канабис. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На подрачјето на СВР Струмица, каде припаѓа и ОВР Гевгелија евидентиран е уште еден случај на нелегално одгледување на растението канабис.
Во полицискиот билтен е наведено дека на 15.09.2026 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица со судска наредба, извршија претрес во домот на А.Т.(49) од Василево. При претресот било пронајдено стебло од растението канабис.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.



















