четврток, 1, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Ќе се реконструира старата зграда на „Радио Гевгелија“ – архитектонски споменик на културата во Гевгелија

После 36 години нефункционалност поради нарушената статика од земјотресот во Гевгелија, познатата стара зграда на „Радио Гевгелија“ ќе се реконструира во својот амбиентален лик

септември 18, 2026
in ФОКУС
Ќе се реконструира старата зграда на „Радио Гевгелија“ – архитектонски споменик на културата во Гевгелија
0
SHARES
895
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелија е град со 140 години градска традиција. Тоа е период кога расте не само како населба, туку, како трговска и патничка трансферзала меѓу Европа и Отоманската Империја, град кој ги примал новитетите од технологијата, претприемаштвото, културата на живеење, па и архитектурата од големите трговци кои живееле и престојувале во нашиот град.

Таквата историја оставила и архитектонски градби кои се белег на екстраваганцијата од тоа време, дека луѓето не се труделе само да се нахранат туку и да го покажат своето богатство, вкус, умешност, квалитет на модерниот живот од тоа време.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Токму тие градби се денеска белег со кој Гевгелија се гордее, а ги има 20 објекти кои се прогласени за културно наследство на Македонија на подрачјето на Општина Гевгелија (според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија).

Еден од таквите репрезентативни градби е Старата зграда на „Радио Гевгелија“ од каде после Втората светска војна се емитувала победоносна програма за жителите на југот, информации за напредокот, за растежот на заедницата, образованието, за приносите во стопанството за кое биле заслужни слободните жители на нашата Гевгелија и околијата, за животот во слобода.

Зградата се наоѓа во централното градско подрачје на улица „Маршал Тито“ бр. 97, во Гевгелија и со неа отпочнува еден низ на амбиентални објекти што сочинуваат една микро урбана целина во центарот на градот. Градена е во периодот меѓу 1890 и 1900 година, а во минатото служела како турски хотел. Зградата има формален статус на споменик на културата и културно наследство на Македонија. Нејзината архитектура претставува репрезентативен пример на традиционалната гевгелиска градска архитектура од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Зградата на „Радио Гевгелија“ во 80-те год. на XX век

Објектот од почетокот бил во приватна сопственост, а во годините после ВСВ има статус на општествен објект каде од 1950 па се до 1990 година функционирала како работни простории, студија и монтажни сали за потребите на Претпријатието во општествена сопственост „Радио Гевгелија“. Во декември 1990 година со земјотресот во Гевгелија кој имал јачина од 7 степени (според ЕMС-1998), зградата претрпи оштетувања и значителна нарушеност на статиката на објектот поради што студијата на „Радио Гевгелија“ мораа да се исселат на друга локација.

Од 1990 до денеска објектот е надвор од функција. Во периодот на денационализацијата објектот во законска постапка беше вратен во сопственост на наследниците од првите иматели. Во меѓувреме, со решение од 28 јануари 2019 година од страна на Управата за заштита на културното наследство на Македонија старата зграда на „Радио Гевгелија“ е прогласена за значајно културно наследство на Македонија, а ова решение било изменето на 17 ноември 2020 година.

Денес, заклучно со состојбата во ноември 2024 година, во Македонија постојат вкупно 1.289 градби со статус на значајно културно наследство на Македонија. Од нив 1,55% се наоѓаат во атарот на општина Гевгелија, а една и единствена од нив е „Старата зграда на Радио Гевгелија“.

Деновиве во центарот на градот на ул.„М.Тито“ бр.97 стои ознака дека објектот е во фаза на реконструкција со доградба. Конечно т.н. „Стара зграда на Радио Гевгелија“ после 36 години чекање ќе може да се надева на ново руво, нова фасада, нов лик, но со задржување на амбиенталната староградска архитектура.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2026/09/Zgrada-na-Radio-Gevgelija-rekonstrukcija.mp4

Проектот опфаќа: „Реконструкција со доградба и надградба на поткровје на објектот на КП 5597 и 5599 на ул.„Маршал Тито“ Гевгелија“.
Инвеститор на проектот е: ДУУТП – „Спајдер Мултикомплекс“ Гевгелија.
Проектант: ДПТУ „Универзал градба“ Струмица.
Одобрението за градење го издал Министерството за транспорт и врски од 14.02.2022 година.
Изведувач на работите е „Еуромонта“ ДООЕЛ Струмица.
Конзерваторски надзор ќе врши Националната установа „ЗЗСК и Музеј“ Струмица.
Градежен надзор ќе врши „Хидро-Енерго инженеринг“ Скопје.

Во најновата емисија „Ноќна патрола“ на новинарот Александар Видиновски каде гостува и градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов, тој известува за проектите и градбите во Гевгелија и општината и наведува дека „Старата зграда на Радио Гевгелија“ се реконструира со веќе одобрен Конзерваторски проект.

Ете, сега можеме да заклучиме дека убавината на гевгелиската архитектура нема да падне под глазурата на новите „гипс-картон“ мајстори, дека нема да ја изгуби својата привлечна моќна убавина во центарот на градот, дека нема да стане само бетон, стакла и рефлектори, или дека нема да се сравни со земја, како што беше трагичниот епилог на прекрасната вила во Охрид која им подлегна на багерите за да го отстапи местото за изградба на нова станбена зграда.

А сите овие триипол децении Старата зграда на “Радио Гевгелија” самата со својата стаменост се бореше во висините да изгледа како вистински архитектонски културен споменик од XX век, и покрај излуштената фасада, и покрај скршените прозорци, и покрај сликата дека стана пребивалиште на градските птици, и покрај мракот кој зјаеше од нејзината нема внатрешност.

Денот заврши, ноќта одамна се спушти да талка низ градот кој одбива да потоне во сон, зошто овде спомените не спијат, стојат со ширум отворени очи (ќепенци) за да сведочат за убавините на едно време: музиката од разгласот на “Радио Гевгелија” во почетокот на 1950 година, кога во послевоените денови градот процветал економски, образовно, културно, трговски, спортски … се живеела слободата и напредокот во секој дом.

Те чекаме убавице да блеснеш повторно!

Зградата е на централната улица „Маршал Тито“ од јужната страна и е дел од многу разгледници за Гевгелија
ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Сеќавање за ДИМИТАР ГАСПАР (1938-2012)

Next Post

Семенаков од Гевгелија 4-ти на Балканско првенство во Романија

Next Post
Семенаков од Гевгелија 4-ти на Балканско првенство во Романија

Семенаков од Гевгелија 4-ти на Балканско првенство во Романија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелија, градот на леандрите

Гевгелија, градот на леандрите

4 години ago
Ликовен и творечки јубилеј – 70 години уметнички запис на академскиот сликар БОРИС ПЕТРОВ од Гевгелија

Ликовен и творечки јубилеј – 70 години уметнички запис на академскиот сликар БОРИС ПЕТРОВ од Гевгелија

1 година ago
Огласен тендер за изградба на патот Гевгелија-Богданци

Огласен тендер за изградба на патот Гевгелија-Богданци

3 години ago
ВУДЕО: Се разбуди Етна, најголемиот активен вулкан во Европа

ВУДЕО: Се разбуди Етна, најголемиот активен вулкан во Европа

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи
  • Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist