КОСТА ПОПРИСТОВСКИ е ПОБЕДНИК на Интернационалниот шаховски Шампионат „Lake Queen 2026“ во категоријата U16, RISING STARS – „Ѕвезда во подем“. Ова е втора меѓународна награда во шах што ја освојува годинава, а има освоено и една Национална награда на Државно првенство во шах 2026.
Коста е 13 годишен ученик од Богданци, талентиран математичар и шахист, кој во јули 2026 година освои златен медал и прво место во дисциплината алгебра на престижниот светски меѓународен натпревар „Математика без граници“ во конкуренција на натпреварувачи од 42 држави. Член е на ШК „7 Ноември“ Гевгелија и шахист кој се гради, напредува, а со освоените медали ветува растеж и нови победи.
БРАВО КОСТА!
Летниот младински шаховски фестивал „Lake Queen“ 2026 се одржува од 5 до 8 септември 2026 година во хотелот „Дрим“ во Струга, Северна Македонија. Седмото издание нуди четири дена играње шах по стандардно темпо за млади шахисти во категориите од У8 до У20.
Фестивалот опфаќа две поврзани програми. „Rising Stars“ (Ѕвезди во подем) вклучува пет турнири поделени според возрасни групи, додека „Battle of Champions“ (Битка на шампионите) ги обединува најдобрите играчи од националните младински првенства во 2026 година.
Во категоријата до 16 години каде настапи Коста се играше 60 минути + 30 секунди за потег. И, иако Коста е три години помлад од севкупната конкуренција оствари завидна ПОБЕДА, ПЕХАР, МЕДАЛ и парична награда.

„Rising Stars“ нуди загарантиран награден фонд во пари од 30.000 денари (приближно 500 евра / 560 долари). „Battle of Champions“, исто така, доделува парични награди за победниците на своите три турнири, како и трофеи, медали, сертификати и специјални признанија.
За Коста Попристовски освоениот златен медал и победнички пехар се СЕДМА освоена престижна награда од своите умешности во текот на 2026 година, од кои оваа е трета во шах по освоените:
– 🏆 ДРЖАВЕН ПРВАК на натпревар во комбинација „математика и шах“
– 🏆 ТРЕТО место У14 на Меѓународниот јуниорски шаховски турнир, јуни 2026
– 🏆 ПРВО место на Интернационалниот шаховски натпревар „Lake Queen 2026“ У16 RISING STARS

Во својата објава организаторот на шаховското првенство напиша: Kosta Popristovski 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 – Winner of Lake Queen 2026 – WHEN NUMBERS PLAY CHESS (U16) joins the RISING STARS
За годинашните достигнувања на Коста прочитајте од нашата статија подолу:
Коста Попристовски од Богданци ПРВАК на ИН „Ludoviko Ferari“




















