Златен медал за освоено ПРВО место и ПОБЕДНИЧКИ Пехар на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ во категоријата „Ludoviko Ferari“ освои Коста Попристовски од Богданци, Македонија.
Коста има 13 години, ученик е во ООУ „Петар Мусев“ од Богданци, каде заврши VII-мо одделение со одличен успех.
Последната престижна награда ја освои во Несебар, Бугарија на 6 јули каде што се одржа Интернационалниот математички натпревар „Математика без граници“ со учество на ученици и натпреварувачи од 42 држави од Светот. Меѓу сите нив Коста од Југот на Македонија ја освои Шампионската титула, за категоријата по алгебра „Лудвико Ферари“.
Во оваа категорија се натпреваруваше и познатиот математички гениј Македон Димитровски од Тетово, кој освои Второ место и сребрен медал, а богданчанецот Коста пред сите натпреварувачи се искачи на пиедесталот на „Ludoviko Ferari“.


Оваа години Коста освои и други значајни награди:
– 🏆 Стана ПРВАК на натпреварот „Кенгур“ по математика на државно ниво;
– 🏆 ТРЕТ на државен натпревар по математика во организација на ПМФ-Скопје;
– 🏆 ДРЖАВЕН ПРВАК на натпревар во комбинација „математика и шах“,
– 🏆ТРЕТА награда на Државен натпревар по физика во организација на ПМФ-Скопје.
Во претходните три години има освојувано два пати ЗЛАТЕН Медал на „Кенгур Олимпијади по математика“ и редовно освојувач на ПРВО место на Општински и Регионални натпревари по математика.

Покрај математиката Коста го плени и играњето шах, Член е на Шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија и редовно учествува на турнири, па успева да стане забележителен по своите резултати иако е на своја пионерска возраст. Годинава на Меѓународниот јуниорски шаховски турнир што се одржа минатиот месец во Прилеп Коста во конкуренција до 14 години го освои високото ТРЕТО место.


Ова се достигнувањата за оваа година, а се’ уште сме на половина од 2026. Коста има право на летен и заслужен одмор, а ние му посакуваме уште многу нови успеси понатаму во животот!




















