ТРИ МЕДАЛИ за МАКЕДОН и Севкупен победник на Интернеционалниот натпревар „Математика без граници“
Еден златен, еден сребрен и еден бронзен медал за Македон Димитровски од Македонија на меѓународниот натпревар „Математика без граници“ што се одржа вчера, вторник, во градот Несебар, во Бугарија и апсолутен победник на натпреварот со доделена награда од Градоначалникот на Несебар.
Тоа е нашиот Македон – ЕДНО ИМЕ, ЕДЕН ШАМПИОН, МАКЕДОН!

Со ваквото достигнување малиот математички гениј од Тетово, Македонија со своите победи ја прави горда цела држава.
Во Несебар, Бугарија, на меѓународен математички натпревар „Математика без граници“, Македон Димитровски приреди вистинска сензација и беше меѓу најуспешните натпреварувачи на целиот турнир.
Постигна неверојатен биланс на резултати и освоени награди:
🥇 Златен медал на индивидуалниот натпревар „Математика без граници“.
🏆 Прво место – Победник на Купот;
⭐ „Math Star of the Tournament“ – Математичка ѕвезда на турнирот;
👑 Апсолутен победник на Купот на градоначалникот на Несебар;
🥈 Сребрен медал на меѓународниот натпревар по алгебра „Ludovico Ferrari“;
🥉 Бронзен екипен медал.

– „Овие резултати не се случајност. Тие се плод на огромна љубов кон математиката, безброј часови работа, истрајност и желба секој ден да се биде подобар од вчера. Додека многумина сонуваат за големи успеси, Македон ги претвора соништата во реалност“ – објави за радосната вест таткото на Македон.
Македон покажува дека Македонија има млади таленти кои можат да бидат најдобри во светот. Наша обврска е да ги поддржиме, затоа што тие се најубавите амбасадори на нашата држава.

👏 Честитки, Македон! Продолжи да ги рушиш границите и да ја испишуваш твојата победничка математичка историјата како дете гениј што ги собира наградите и медалљите по Светот. Цела Македонија се радува на твоите успеси!
Еве што вели малиот победник за својот последен успех:






















