Со најдолгиот меч на теренот на Вимблдон во траење од 5 часа и 15 минути Новак Ѓоковиќ го обезбеди пласманот во полуфинале на Вимблдон 2026 со победата од 3:2 во сетови против Канаѓанецот Феликс Огер Алијасим.
Ова беше уште еден историски меч на Ѓоковиќ по оној одигран против Надал од 5 часа и 15 минути, и оној одигран со Федерер од 4 часа и 57 минути.
Резултатскиот скор во сетовите беше: 6:7 за Новак, 6:3; 3:6; 7:6 и 6:7 во супер тај брејк каде Ѓоковиќ поентираше со 10:4 поени.
Играта се преобрази во корист на Новак кога откри дека Канаѓанецот има слаб бекхенд и неколку пати во играта сервираше токму топки за удар со бекхенд кои Феликс ги губеше со видна нервоза.

Во полуфиналето Новак ќе се сретне со Јаник Синер, во петокот, после два дена одмор.
Уште 2 чекора го делат од трофејот кој го очекува во својата кариера, која еве и на 39 години и 51 ден се’ уште трае и блеска со победи на кралскиот терен на Вимблдон.

Ова беше најдолгиот вонсериски спектакл на Вимблдон.
Ѓоковиќ постави и НОВ РЕКОРД за најмногу натпревари од пет сета на гренслемите. Оваа средба беше 50-та во кариерата на Србинот кој се одлучуваше во петти сет. Со овој показател, Србинот го надмина Швајцарецот Стан Вавринка (49). На третото место на оваа листа е уште еден Швајцарец, Роџер Федерер (48).

СРЕЌНО НОЛЕ!



















