сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Одбележан празникот Св.Пантелејмон, заштитникот на село Ума, гевгелиско

Со црковни литургии, богати почести, празничен ручек и весела вечерна забава, вчера и денес се одбележа празникот Свети Пантелејмон, заштитникот на село Ума Гевгелиско

август 9, 2026
in ФОКУС
Одбележан празникот Св.Пантелејмон, заштитникот на село Ума, гевгелиско
0
SHARES
343
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со црковни литургии, богати почести, празничен ручек и весела вечерна забава, вчера и денес се одбележа празникот Свети Пантелејмон, заштитникот на село Ума Гевгелиско.

Ова е стара традиција на гевгелиското планинско село сместено на 600 мнв на Кожуф планина, востановена уште од предците кои веќе не се меѓу живите, сочувана од тие кои ги преживееја вековните воени и политички трансформации, а негувана и од денешните генерации – да се организира сенародна празнична забава и почести во чест на заштитникот на Ума, Пантелејмон.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Организатор на одбележувањата е црковниот одбор на црквата „Света Богородица Пречесна“ од Ума кои се погрижија и годинава да биде приготвен сенароден празничен ручек во чест на заштитникот на селото, а за бројните гости посетители беше приготвена и Влашка софра од локалните домаќинки, некои староседелки, некои иматели на викенд куќи во Ума. Сите средства од продажбата на домашните изработки, колачи, пити, баници беа донирани за децата со посебни потреби од нашата заедница.

Влашка софра за гостите на „Св.Пантелејмон“ во с.Ума, гевгелиско

По тој повод во црквата „Свети Кирил и Методиј’ во Гевгелија утрово се одржа празнична утрена богослужба, а потоа и Свечена литургија. Црковниот одбор на црквата “Св. Богородица Пречесна” во село Ума, гевгелиско подготвија празнична литургија, а потоа свечен и благословен ручек за сите посетители.

Млади девојчиња во традиционална народна носија ја следат црковната литургија во „Св.Богородица Пречесна“ во с.Ума
Црквата „Св.Богородица Пречесна“ датира во IX век, а привлекува различни генерации во своите почести

Пантелејмон („во се’ како лав“) роден е во 275 година од н.е., а маченички умира како непоколеблив христијанин во 305 година од н.е. за време на прогонот на царот Диоклецијан кога биле убиени 20.000 христијани. Бил еден од 14те свети помошници во доцниот Среден век, познат во Западното христијанство, а во Источното христијанство важел за еден од Светите неплатени исцелители кои му помагале на луѓето.

Неделниот топол викенд ден многу граѓани од Гевгелија и роднини на староседелците од Ума го поминаа во природните убавини на ова планинско село опколено со густа шума која дава лад и пријатно воздушно струење, па летото не се ни сеќаваат горештините, а при посетата освен одбележувањето на традициите оддадоа и почит на овој свет лик, исцелител и маченик за Христијанството.

Празнувањата започнаа од синоќа со вечерна забава, музика со „АСТРА“ Бенд на сред село и културна програма од локални изведувачи
Празнична вечерна забава

Свети Пантелејмон ги нагости сите посетители на вчерашното одбележување на панаѓурот во село Ума, гевгелиско. На тивок оган во домашно котле, под ладовините на Кожуф манџата е превкусна.
Кој ја посети црквата “Св. Богородица Пречесна” во с.Ума денеска знае, ако не ќе проба догодина.

Пријатен ден со милоста на благодатниот Пантелејмон.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

Next Post

ВИДЕО: Со швајцарска поддршка „Пакомак“ ја постави 100-тата вендинг-машина во Гевгелија

Next Post
ВИДЕО: Со швајцарска поддршка „Пакомак“ ја постави 100-тата вендинг-машина во Гевгелија

ВИДЕО: Со швајцарска поддршка „Пакомак“ ја постави 100-тата вендинг-машина во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

1 година ago
Иле Гоцевски, возачот на Итната помош во Кочани, постхумно ќе биде одликуван

Иле Гоцевски, возачот на Итната помош во Кочани, постхумно ќе биде одликуван

2 години ago
ВИДЕО: Силен земјотрес во Тајван со 7,5 степени по Рихтер

ВИДЕО: Силен земјотрес во Тајван со 7,5 степени по Рихтер

3 години ago
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, приведени 5 лица

Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, приведени 5 лица

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist