На 12.01.2026 во 19:00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија е пријавено дека во периодот од 11:00 до 15:00 часот на 12.01.2026, од железен мост на реката Зуица во близина на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, со употреба на алат и физичка сила се пресечени и уништени три типа на кабли преку кои се одвива контролата и командите за сигнално – сигурносните уреди за одвивање на железничкиот сообраќај.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Ваква кражба на кабли од инсталациониот систем на железничкиот сообраќај на мостот кај Мрзенци, близу Гевгелија беше регистрирана и вчера во полицискиот билтен на МВР, a кражбата беше извршена сред бел ден во неделата, за што известивме. Засега никој не одговорил во која мера е загрозен безбедносниот систем на железничкиот сообраќај кон Гевгелија!?



















