На 11.01.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во времето помеѓу 13:30 и 14:30 часот од железнички мост на Мрзенска река, на место викано „Авлаќ“, на кој се одвива железнички сообраќај, непознат сторител исекол и одзел два бакарни кабли во должина од 60 и 12 метри.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ваква кражба се нема случено одамна. Дали порастот на цената на бакарот на светскиот пазар ги инспирираше и домашните крадци.
Во 2025 година цената на бакарот беше во пораст и се движеше околу 10.000 долари за тон, а прогнозите се дека ќе се движи и до 12.000 долари по тон. Кај домашните откупувачи на стар метал откупната цена се движи од 400 до 600 денари по килограм. Но, мислат ли крадците на безбедноста на железничкиот сообраќај и воопшто на човечките животи!???



















