среда, 18, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Ристо Попов – првиот и единствен Интернационален судија во стрелаштво од Македонија

Интервју со Ристо Попов, првиот и веќе 15 години единствениот лиценциран Интернационален судија во стрелаштво од Македонија

мај 5, 2026
in ИНТЕРВЈУ
Ристо Попов – првиот и единствен Интернационален судија во стрелаштво од Македонија
0
SHARES
605
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ристо Попов од 2011 година станува првиот, а до сега и единствениот лиценциран Интернационален судија во стрелаштво од Македонија. Како локален порталот од југот гордо ќе кажеме дека е наш сограѓанин од југот кој самиот си го пронашол патот до Интернационална лиценца по овој редок спорт доделена од Светската Федерација на стрелаштво. Неговиот пат до светскиот врв на судии е приказ на посветен спортски љубител на ловот, на пријателство, на дискредитација од институциите, на подметнувања, но сепак постигнат личен успех со интегритет. За патот до врвот зборуваме лично со него, споделувајќи спомени, амбиции, и сеќавања за светски спортски настани на кои настапувал како судија.

GevgelijaNet: Ретка е можноста да разговараме со интернационален судија на еден благороден спорт како што е стрелаштвото, учесник на Светски и Олимписки натпревари, па честа да ја запознаеме Вашата спортска амбиција која се „искачила“ до врвот на светските спортски збиднувања е навистина голема. Г-дин Попов, колку години сте интернационален спортски судија од Југот на Македонија за кој нашата поширока публика е малку запознаена и би сакале да извлечат поука и една успешна спортска лекција по упорност и доследност?

Related posts

Теодора – од чукање на перници и капаци од тенџериња до медиумска сензација

Теодора – од чукање на перници и капаци од тенџериња до медиумска сензација

август 11, 2026
Гевгеличанецот Александар Мендов судија на меѓународен натпревар за Спа и Велнес и Физиотерапија во Сараево

Гевгеличанецот Александар Мендов судија на меѓународен натпревар за Спа и Велнес и Физиотерапија во Сараево

март 31, 2026

Ристо Попов: Јас сум единствен Интернационален спортски судија по стрелаштво во историјата на Македонија со Лиценца од Светската Федерација на стрелаштво на летачки мети (така наречени глинени гулаби) веќе цели 15 години, од 2011 година. Со добивањето на Лиценцата учествував како спортски судија на Светското првенство во стрелаштво што се одржа во Белград истата година 2011, а следната 2012 бев исто судија на Светското првенство во стрелаштво што се одржа во Кипар веднаш следната година, во 2012.
Ваква чест добив поради високите оценки кои ги добив од Светската Федерација на стрелаштво за работата како судија на СП во Белград и добив препораки од тамошното раководство веднаш да бидам делегиран за интернационален судија на СП во Ларнака, во Кипар следната година. Велам чест, зошто навистина оваа признание за квалитет ми го врачија на свечен начин со доделување официјалната облека на интернационален судија по стрелаштво (сина боја со извезен грб на Федерацијата) што ми ја врачи Претседателството на ISSF (International sport shooting Federation).
И отука почнува мојата кариера како меѓународен спортски судија во стрелаштво. Како високо оценет судија од СП во Белград бев ставен во бубањот на ISSF од каде што почнува делегирањето за судење на светски првенства.

GevgelijaNet: Изградивте активна спортска кариера како интернационален судија изминативе 15 години. Што донесоа тие во Вашето спортско-судијско портфолио? Каде се’ беше пресуден Вашиот збор како судија? Имате ли некое највпечатливо искуство?

Ристо Попов: До денешен ден имам судено 8 (осум) Светски првенства, 4 (четири) Европски Првенства, и многу, многу Гран  При првенства. За мене секој пат ќе бидат најзапаметени 2014 и 2015 година, Светските првенства кои се одржаа во Дубаи, во пустината Надал Ал Шеба каде се наоѓаше стрелиштето, а условите за работа беа многу, многу тешки, пустински. Условите во пустина за овој спорт се многу тешки поради присуството на прашина, сонце што е отежнувачко за воочување на глинениот гулаб, а ние судиите треба да го оцениме погодокот. Поради присуството на прашина, и покрај носењето заштитни очила, на секои 2 часа судијскиот состав одеше на перење на очите за да ни’ се подобри видот, од што зависи нашата прецизност во оценувањето.

GevgelijaNet: Од Богданци до судечки судија на светските спортски стрелачки имиња во Белград, Кипар, Дубаи…. и понатаму. Не можеме со еден разговор да го презентираме целото Ваше знаење во стрелаштвото, станувајќи дел од меѓународните спортски судечки имиња, но барем да ни’ ги кажете почетоците. Да се стане интернационален судија во стрелаштво, спортот кој го негувале кралевите и благородниците… каде е почетокот на Вашата спортска судечка „приказна“?

Ристо Попов: Интересна е приказната како и на кој начин случајно станав судија. Одев во Грција на покана на Стрелачкиот клуб „Лангада“ и еден ден доаѓа Петро Кирицис – технички директор на ISSF (International sport shooting Federation), а тогаш во функција на предавач на семинар за спортски судии по стрелаштво. Јас не знаев што се случува, но еден од моите домаќини од стрелачкиот клуб, инаку македонец во Грција ми вели „Ела и ти, седни до мене и слушај“. Предавањето беше на грчки, а јас поради мојата професија знаев добро грчки. После 2 часа од предавањето, за време на паузата, на секој во салата ни’ поделија тестови. Ми дадоа и на мене. На тестовите имаше прашања кои требаше да се одговорат со А, B, C и D. Мене пријателот ми ги преведуваше прашањата на македонски говор зошто јас не знаев да читам грчки, а јас си ги одговарав прашањата со опциите А, B, C и D. Отидовме на пауза. За половина час не’ повикаа да се обрати повторно предавачот Петро Кирицис кој го даде следното објаснување:
-„Курсот е успешен. Само има два преседана од кои Панајотис Темелидис има 50 поени од 50, а вториот е еден што не знае да чита и пишува грчки, а има 46 поени од можни 50. Значи, само двајца од учесниците на семинарот го положија тестот за меѓународен судија по стрелаштво. И, сите се завртеа накај мене со прашањето: -„Како можеше тоа да го направиш?“
Па едноставно, јас ги знам правилата на стрелаштвото, од мал сум имал афинитети кон оружјето и ловството, а од 70-те години во Богданци го оформив стрелачкиот клуб „Магнум“ каде остварувавме одлични тренинзи, натпревари, меѓународни турнири. Но, дека случајно ќе положам јас за меѓународна лиценца за судија не знаев.

GevgelijaNet: И оттука почнува Вашата кариера – Продорот меѓу интернационалните судечки висини одобрено од Светската спортска стрелачка федерација. Како го дочекаа овде во Македонија Вашиот успех станувајќи ПРВИОТ спортист од Македонија кој положил испит за меѓународен судија во стрелаштво?

Ристо Попов: Отидов во Македонската стрелачка Федерација во Скопје и овде бев дочекан на нож. Јас го носев Сертификатот од ISSF како да е вредносен „пергамен“, а таму ми велат „Кого ти праша да одиш да полагаш?“ и излезе тој г-дин Стевче од канцеларијата. Мислам дека беше секретар на МСФ. Јас седев сам едно половина час, Си помислив отишол да повика новинари да се пофали дека Македонија го има првиот меѓународен судија во стрелаштво. Но, тоа не се случи. Излегов сам од канцеларијата и гледам нема никој во ходникот, а тој си пие кафе со секретарката. Излегов и си отидов. Ете таков беше мојот дочек во Македонија.
Подоцна се смени раководството на МСФ и се јавив кај новиот претседател на прием за да му ја пренесам мојата убава вест. Тој ме прими, но исто во текот на разговорот сватив дека ескивира, како он не знаел, ова, она, па требал офталмолошки преглед, а МССФ требала да го одобри… и други работи,…. па да се издала Лиценца.
Јас им реков во МССФ дека „Ако не сака Македонија да бидам судија во стрелаштво, ќе одам преку Српската или Кипарската стрелачка федарација и ќе бидам пак судија, но претходно ќе ги известам сите наши спортски новинари, медиуми и Олимпискиот комитет на Македонија за неправдата од Стрелачката Федерација на Македонија“.
И, тука попушти. Го одобрија мојот стекнат Сертификат за меѓународен судија, испратија потврда до Светската спортска стрелачка Федерација, но со месеци и месеци ескивираа дека Лиценцата за мене не дошла. Се јавив во Минхен во седиштето на ISSF и од таму ми одговорија „Се што сме испратиле од ISSF од Аргентина до Кина се’ е пристигнато. Ќе мора г-дин Попов лично да дојде да си ја подигне Лиценцата за меѓународен судија по стрелаштво овде во нашето седиште во Германија.“ Така и направив, отпатував во Германија и ја добив Лиценцата која важи до 2028 година.

GevgelijaNet: Ова е пример за тешка диверзија на поединецот од страна на спортските институции кои наместо поттикнување на спортски достигнувања ги десеткуваат ентузијастите, но и пример дека упорноста и знаењето секогаш го наоѓаат патот до успехот. Ви честитаме за издржливоста во оваа ваша спортска иницијатива.
Кажете ни’ сега, да ги запознаеме читателите дека Вашиот спортски дух не е само случајност и среќа, туку кален на спортските терени. Кажете ни’ за Вашите почетоци во стрелаштвото.

Ристо Попов: Како дете ме привлекуваше оружјето, како 18 годишник станав спортски ловџија, а во 1977 година со другари го формирам здружението на граѓани „Магнум“ во Богданци и започнавме со градба на стрелиште со стандарди кои се пропишани за Олимписки натпревари и така станавме центар за одржување на меѓународни турнири по стрелаштво со летечки мети. Покрај домашните спортисти на турнирите учествуваа и спортисти од соседните земји Грција, Бугарија, Србија и останати републики од СФРЈ, освен Словенија и Хрватска.
Спортскиот клуб „Магнум“ организираше турнири секоја година и бевме популарни организатори, па барањата за учество на турнири беа поголеми од нашите можности, бидејќи почитувајќи ги олимписките норми и стандарди на нашето стрелиште можевме да пукаме 125 мети во 2 натпреварувачки дена, а бидејќи се пука на една стрелана, тоа значи дека максималниот број на натпреварувачи треба да изнесува 36 стрелачки спортисти. Ние имавме повеќе пријави и до 80-на натпреварувачи, па моравме и да одбиваме некои од пријавените спортисти.
За тие два натпреварувачки дена ние треба да испукаме 4.500 мети, (глинени гулаби) за да бидат запазени олимписките стандарди и правилата на ISSF. Сите натпреварувачи беа наши гости, без никаква котизација за учество, без трошоци за сместување, исхрана, се беше организирано со ентузијазам од ЗГ „Магнум“.

GevgelijaNet: Ова бил голем ангажман за „Магнум“, но некако овде сте се искалиле за стрелаштвото како спорт, па и за спортските правила што треба да ги знае секој спортист стрелец, а во вашиот случај подоцна и како спортски судија. Како изгледа Вашата активност на терен кога сте судија на стрелачко првенство, светско, или европско. Носите ли некои посебни сеќавања? Дали Ве паметат по строгоста, или праведноста?

Ристо Попов: Во една прилика во Белград од тогашен претседател на Светската Стрелачка федерација на тимот судии ни’ беше кажана една реченица која сите ја паметиме до денеска: „Ако сте судија не сте суд. Секој пат треба да бидете на страната на спортистот (стрелачот), затоа што со една ваша неправилна одлука некој може да изгуби Олимпијада за која тренирал многу години и го очекувал животниот момент да биде таму како и секој спортист“. И, затоа, за целото мое судење имам дадено само еден жолт картон на натпреварувач, но тој тоа го заслужи, бидејќи и после две предупредувања тој и понатаму продолжи да го игнорира моето укажување и бев принуден да употребам жолт картон. Со „жолтиот картон“ комисијата може да го казни со одземање на еден или два гулаби, да му бидат скратени погодоците од конечниот резултат, а тоа да го симне подолу од ранг листата на натпреварувачите.

Се трудев да соработувам со спортистите. Да ги упатувам на грешките кои не влијаат на резултатот, но ќе ја подобрат нивната ефикасност. Како случајот на званиниот тренинг со репрезентациите. Кинеските репрезентативци кои беа корегирани за минимален пропуст од мене дојдоа и со почит сакаа да се фотографираат со мене. Тоа покажува колку се и тие под трема, но и дека знаат да ја почитуват коректноста на судијата.

Репрезентацијата стрелачи на Кина со судијата Ристо Попов, фотографија за багодарност

GevgelijaNet: Спомнавте дека Лиценцата од ISSF Ви важи до 2028 година. Сте суделе на Светски, Европски првенства, на Гран при турнири, кој Ви е последниот судијски ангажман и за каде се подготвувате оваа година да делите судијска правда во стрелаштвото?

Ристо Попов: Последното судење ми беше минатата година 2025 во Никозија, Кипар. За годинава не знам.
Сакам да кажам дека од сите наши соседни држави ниту една нема меѓународен судија за стрелаштво. Ниту Србија, ниту Бугарија, ниту Црна Гора, ниту Босна и Херцеговина, Грција има само еден контролор на стрелачки натпревари и еден хрват кој е жири. Ниту една Балканска земја нема меѓународен судија во стрелаштво, освен Македонија. Јас сум единствен што ја обавувам оваа посветена дејност на стрелаштвото цели 15 години.

Светско Првенство во Никозија, Кипар 2025 и судијата Ристо Попов од Богданци

GevgelijaNet: 15 години никој во регионов не мрднал со прст да ги освојува судијските места во интернационалното стрелаштво. Но, што правиме ние како држава? Им помагаме ли сега на младите да освојат некоја судијска титула во меѓународниот спорт?

Ристо Попов: Сакам да нагласам дека со радост ја примив веста дека во Гевгелија има девојка Михаела Попова која поседува А Лиценца за меѓународен тениски судија која може да суди на Вимблдон на столот горе, а не линијски судија. Треба нашите претпоставени да бидат горди со таквите млади кои преку спортот со своите напредувања ја промовираат Гевгелија и Македонија. Треба да им помагаме на младите да се пробиваат понатаму на интернационален план. Тоа е за пофалба за Михаела, но не треба девојката да се остава без работа.

GevgelijaNet: Г-дине Попов Ви благодариме за разговорот и што ни’ пренесовте дел од Вашето спортско искуство како поука за младите спортски ентузијасти дека ништо не е лесно во животот, туку треба да се има цел, амбиција, посветеност и истрајност, а ако сте добри, вредни и чесни резултатите ќе дојдат и ќе Ве красат во животот како што Вие со гордост ја носите чесноста и сигурната потврда на Вашите судијски одлуки – Праведно, одмерено и коректно.
Ви посакуваме секое добро. Со интерес го очекуваме Вашиот следен извештај и впечатоците од Светски стрелачки настан некаде во Светот.

Ристо доби почесна Плакета од Македонската спортска стрелачка федерација за своите достигнувања и придонес во стрелаштвото во Македонија и на меѓународно ниво
Судијското столче за Попов на СП, ЕП, ОИ, ГП е резервирано до 2028 година
Судијските норми се меѓународно поставени, а тие се дел од програмата за семинари кои Попов редовно ги посетува

 

Интервјуирал: Јованка Дојранлиева

ShareTweetShareSend
Previous Post

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

Next Post

ВИДЕО: МЕГА ЗАБАВА за Свеченото отварање на „МЕГА шопинг Парк“ во Гевгелија

Next Post
ВИДЕО: МЕГА ЗАБАВА за Свеченото отварање на „МЕГА шопинг Парк“ во Гевгелија

ВИДЕО: МЕГА ЗАБАВА за Свеченото отварање на „МЕГА шопинг Парк“ во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски во посета на Гевгелија

Претседателот Пендаровски во посета на Гевгелија

4 години ago
Сообраќајка во Богданци, тешко повредено едно лице

Сообраќајка во Богданци, тешко повредено едно лице

3 години ago
ГРАНД ПРИ за Ефимија Новаковска од Гевгелија на 58 „Детски Рацинови средби“

ГРАНД ПРИ за Ефимија Новаковска од Гевгелија на 58 „Детски Рацинови средби“

1 година ago
ВИДЕО: Херојот Јован пречекан со аплаузи и овации во родната Виница

ВИДЕО: Херојот Јован пречекан со аплаузи и овации во родната Виница

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“
  • РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри
  • АНА БЕГОВА – 12 годишната атлетска хероина од Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

ноември 16, 2026
РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

ноември 16, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist