четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Теодора – од чукање на перници и капаци од тенџериња до медиумска сензација

Родителите на 9-годишната Теодора од Гевгелија за „Фемина“ отворено зборуваат како го откриле нејзиниот талент, чукањето на тапани

август 11, 2026
in ИНТЕРВЈУ
Теодора – од чукање на перници и капаци од тенџериња до медиумска сензација
0
SHARES
283
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Теодора Бацева со своето енергично свирење на тапани ја освои македонската јавност и речиси преку ноќ, со само едно видео од настап, стана вистинска сензација на социјалните мрежи.

9-годишното девојче веќе има бројни настапи и освоено прво место на Меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“ – Штип во категоријата аматери, а нејзините родители велат дека најважно од сѐ им е нивната ќерка да остане среќно дете кое ужива во музиката.

Related posts

Ристо Попов – првиот и единствен Интернационален судија во стрелаштво од Македонија

Ристо Попов – првиот и единствен Интернационален судија во стрелаштво од Македонија

мај 5, 2026
Гевгеличанецот Александар Мендов судија на меѓународен натпревар за Спа и Велнес и Физиотерапија во Сараево

Гевгеличанецот Александар Мендов судија на меѓународен натпревар за Спа и Велнес и Физиотерапија во Сараево

март 31, 2026

За првите знаци на нејзиниот талент, моментот кога по речиси една година ѝ ги купиле првите тапани, но и за огромниот публицитет кој им го донесе виралното видео, Милена и Петар Бацеви отворено зборуваат во интервју за Фемина.

Кога првпат забележавте дека вашата ќерка има посебен талент и интерес за тапани? Како започна целата приказна?

Првиот човек кој ни кажа дека Теодора е талентирана, верувале или не е наставникот по ликовна уметност Александар Јанев. Во 2023 година, Теодора посетуваше ликовна секција во Пионерски дом Гевгелија, под раководство на уметникот Јанев, која се одржуваше во иста просторија со секцијата за тапани, па таа многу често остануваше да го гледа другарчето како учи тапани.

Еден час наставникот по ликовно ѝ отсвирил на тапанот делови од некоја песна, а Теодора повторила што ѝ покажал. Александар нѐ исконтактира нас родителите и ни кажа дека има талент за тапани и ни предложи да поразговараме со наставникот по тапани Момчило Делев. Се разбира ја прашавме дали сака и дали има желба да го учи овој инструмент, на што таа одговори позитивно.

Од првите часови до сопствени тапани – како изгледаше тој период за Теодора?

Ја запишавме на секцијата за тапани и по одржаниот прв час со Момчило Делев, дипломиран музичар на Музичката академија во Штип, отсек тапани, тој веднаш го препозна талентот на Теодора и побара од нас да ѝ купиме тапани за да се развива и напредува, меѓутоа ние оставивме простор од скоро една година за да видиме дали Теодора ќе продолжи со интересот за овој инструмент.

Со време увидовме дека нејзината желба за тапани и интересот за музика растеше, импровизиравме со перници, си го замислуваше секој дел од тапанот каде стои и држевме капаци од тенџериња за да ги вежба ударите и тактот. Освен што учеше на часовите од „Школата за тапани“, ја носевме и кога беше слободна просторијата со тапани за да вежба. Така таа спреми песна за настап на новогодишниот концерт на „Школата за тапани“ во Гевгелија, спреми и песна за годишен концерт на школата, па дури после скоро една година ѝ купивме тапани. Кога ги донесовме дома тапаните Теодора беше изненадена, не ѝ се веруваше дека тапаните се во нејзината соба, плачеше од радост.

Значи препораките од двајца уметници, ликовен и музички нѐ натераа дома во семејството, јас и сопругот да отвориме очи кон талентот што го носи во себе Теодора, очигледно запишан во гените од нејзините семејни предци, зошто ниту јас, ниту сопругот се занимаваме со музика, иако знаеме да уживаме во добра музика. И од двете семејни страни има роднини, предци музичари: мојот татко кој свирел на тапани како млад, мојот дедо кој свиреше на тарамбука во локален музички состав, таткото на мојот сопруг бил гитарист и свирел долги години со своја музичка група, потоа многу чичковци, вујковци кои покажале мулти музички способности со пеење, свирење на повеќе инструменти и … еве дел од тој семеен ген се пренел и кај нашата Теодора. Сепак нѐ радува што случајно ги откривме овие вредности кај неа.

Дали во некој момент се двоумевте затоа што можеби станува збор за инструмент кој почесто се поврзува со момчиња? Како реагираше околината?

Нема никакви предрасуди од околината дека овој инструмент е повеќе за момчиња, напротив таа има огромна поддршка од блиската фамилија и нашите сограѓани. Меѓу учениците кои ја посетуваат „Школата за тапани“ Теодора не е единствено девојче, има повеќе девојчиња… се разбира преовладуваат момчињата, но таа не е единственото девојче.

Какво девојче е Теодора приватно? Какви се нејзините интереси надвор од музиката и што најмногу ја исполнува?

Теодора е нормално безгрижно дете, весело дете, друштвено, сака да се дружи и да си игра со другарчиња, многу сака да се гушка и милува, сака да гледа цртани, омилен и е „Mr. Bean“ – секоја епизода ја знае на памет. Телефон нема, нема компјутер во овој момент, но тоа не значи дека не гледа Youtube или не игра игри, за такви работи го користи мојот телефон, нормално откако ќе си ги заврши обврските со училиштето… креативна е, може по цел ден да си работи со ножици и селотејп, да црта и слуша музика.

 

Нејзиниот настап ја освои македонската јавност и предизвика многу позитивни реакции. Како го доживеавте тој момент како мајка?

Искрено, не очекував дека толкав публицитет и внимание ќе има нејзиниот настап во Струмица.

Првпат настапува на толку голем настан со професионални музичари, настан кој веќе 13 години се одржува во организација на професорот по гитара Васко Пиличев. Дури и јас самата не знаев што да очекувам, бев возбудена и исплашена, секако како мајка се гордеам што нејзиниот талент се препозна и надвор од нашата општина. Еве, професорот Васко ја препознал на настапот во Валандово со групата „Bad Obsession“ како гостин на нивната 10-годишнина од постоење на покана од Валентин Атанасов и после една година доби покана да биде гостинка на настанот „Летна школа за гитара Ѓоко Ѓоргиев“. Тоа е од посебно значење за мене, затоа што настанот е посветен на трагично загинатиот тапанар Ѓоко и чест ми беше што токму Теодора е поканета да учествува на овој настан.

Како родители, на кој начин ја поддржувате во развивањето на нејзиниот талент и што би ѝ посакале за во иднина?
Како мајка на девојче од 9 години пред сѐ ѝ посакувам да биде добар човек, да биде среќна и секогаш своја, да биде насмеана и да ужива во тоа што го прави во секој момент.

Извор: „Фемина“
Повеќе на ЛИНК

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Со швајцарска поддршка „Пакомак“ ја постави 100-тата вендинг-машина во Гевгелија

Next Post

Лишени од слобода жител на Богданци и жител од валандовско

Next Post
Лишени од слобода жител на Богданци и жител од валандовско

Лишени од слобода жител на Богданци и жител од валандовско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДО: РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ на СПЕКТАКЛОТ со СЕВЕРИНА во „МЕГА ШОПИНГ ПАРК“ Гевгелија

ВИДО: РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ на СПЕКТАКЛОТ со СЕВЕРИНА во „МЕГА ШОПИНГ ПАРК“ Гевгелија

2 месеци ago
Да гласаме за Илија од Македонија во шоуто „Никад није касно“

Да гласаме за Илија од Македонија во шоуто „Никад није касно“

8 месеци ago
Почина папата Франциск (1936-2025)

Почина папата Франциск (1936-2025)

1 година ago
Матурски квадрил 2024 одигран во Гевгелија

Матурски квадрил 2024 одигран во Гевгелија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода
  • Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата
  • Лишени од слобода жител на Богданци и жител од валандовско

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026
Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

август 12, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist