Со достоинство и силна вера беше одбележан празникот Богојавление – Водици и во општина Богданци. Свечениот чин на Водосвет и фрлање по Чесниот крст беше изведен во Богданци на браната Паљурци, во с.Ѓавото и с.Селемли. Секаде во осветените води запливаа млади момци, а најсреќни беа Саше, Златко и Александар.
Во осветените води на браната Паљурци, светиот крст веќе петти пат по ред го фати Саше Михајловиќ.
– „Нека овој благословен чин му донесе здравје, среќа и успех, а празникот Водици нека биде извор на мир, надеж и духовна радост за сите граѓани“ посака градоначалникот Блаже Шапов кој на среќниот носител на Чесниот крст му подари од името на Општината ваучер од 10.000 денари.


Со голема радост и духовна гордост празникот Богојавление – Водици се одбележа и во с. Ѓавото, каде во осветените води на реката Вардар, Светиот крст го фати Златко Дуев.
Младиот Златко доби награда – ваучер од 10.000 денари од Општина Богданци.

Со вера и заедништво беше одбележан празникот Богојавление – Водици и во Селемли и Стојаково. Во осветените води Светиот крст го фати младиот Александар Ранчиќ.
Со благослов од свештеникот кој чиноначалствуваше на овој свет чин Александар ќе ги посети сите куќи и семејства од Селемли и Стојаково и ќе пренесе благослов за здравје, среќа, бериќет за сите во семејството од името на Бога со кој се спои денеска со фаќањето на Чесниот крст од осветените води.
Александар за својот храбар чин се стекна со ваучет од 10.000 денари што го доделува општина Богданци.


Нека овој свет чин им донесе здравје, среќа и благослов на среќните момчиња, а празникот нека внесе мир, надеж и духовна сила во секој дом.
Бог се јави, навистина се јави! 🕊️



















