Годинава по 33 пат од возобнувањето на вековната традиција Водици, осветувањето на водите на Вардар со Чесен осветен крст кој беше пуштен во водите на реката пред многуилјаден насобран народ на мостот на реката Вардар кај Гевгелија и покрај бреговите. на реката се одржа свечената богослужба во чест на Богојавление, денот кога е крстен Исус Христос пред повеќе од 2000 години во реката Јордан.
ДАРКО СТЕФАНОВИЌ 18 годишник од Негорци, гевгелиско е носител на Чесниот крст од осветените води на Вардар, кај Гевгелија.
Тој за прв пат плива на овој свет чин за ден Водици и му се посреќи како највешт, најбрз во пливањето, одбран преку Чесниот крст да се спои со Бога и да однесе благослов за здравје и среќа во сечиј дом.
Здравје мир и спасение за носителот на Чесниот крст и неговото семејство со благослов упати свештеникот Љупче Миланов од Гевгелиското Архиерејско намесништво.
Дарко доби подарок, вредносен ваучер од аптеките „Зегин“ и поклон од Општина Гевгелија што му го врачи Градоначалникот А.Сарамандов.
Да е за многу години празникот Богојавление, Водици!

Свечената церемонија започна со црковна литија од свештени лица од Гевгелиското Архиерејско намесништво точно на пладне, кои изведоа Свечена Божествена литургија пред многуилјаден народ на мостот и брегот на реката Вардар.



















