Ова е рецепт кој го знаат сите гурмани и скараџии – Свинско на жар.
Рецептот кој Ви го прикажуваме има посебен шмек зошто е подготвен во природниот амбиент на Кожуф планина, на наврнатиот снег, со природна жар од кожуфските дрвја и богато парче свинско, омилените протеини потребни за енергија во текот на зимските месеци.
Сета оваа вкусна убавина и за очи, и за непца е подготвена од планинскиот готвач Џоко Ризов од Гевгелија.
Погледнете, уживајте и спремете се за следниот викенд да го подготвите ова гурманско јадење во природниот амбиент на снежно чистиот Кожуф.



















