Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ од Стојаково на неодамна одржаното Државно Првенство во атлетика настапи со двајца свои ученици, кои му донесоа на училиштето три медали за три освоени подиуми.
Носители на медали се:
1. Антониот Каракабаков – со две медали за две ПРВИ места во категориите
– трка на 800 метри, и
– скок во далечина.
2. Стојан Иванџиков – со медал за освоено ТРЕТО место на трката од 800 метри за машки.


Овој резултат учениците од Стојаково го постигнаа во конкуренција на ученици од средните училишта во државата, кои беа учесници на Државното првенство во атлетика што се одржа на 19 мај во Куманово.
Антонио Каракабаков е ученик во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стојаково, VIII одд. и е носител на Државниот рекорд за деца на атлетскиот крос во организација на Атлетската Федерација на Македонија, што се одржа минатиот месец во Скопје, а тој трчаше во боите на својот клуб АК „Аеродром“ од Скопје. Својот резултат и ШАМПИОНСКИ статус на трката од 800 метри за 2025 и 2026 во конкуренција пионери, го задржува и во конкуренција од средношколските спортски сили на Македонија.
За Стојан Иванџиков, ученик во истото училиште, но IX одделенец, ова е исто така големо спортско достигнување.
Ментор на учениците-медалисти е наставникот по физичко воспитување Томе Попов.


Честитки за атлетските сили од Југот!




















