Со извонредни 02:10:6 min (2 минути, 10 секунди и 6 стотинки) момчето од Југот, Антонио Каракабаков победи на крос трката од 800 метри на 23-от меморијaлен крос „Методи Веновски – Мето“ што се одржува денеска во Парк шумата Гази Баба во Скопје.
Антонио е 14 годишник од с.Стојаково, општина Богданци и го има истрчано најдоброто време на патеката од 800 метри во конкуренција пионери, од минатата 2025 година. Тогаш имаше резултат од 2:20 мин, а денеска се подобри за цели 10 секунди, иако се трча на нерамен терен со угорници и удолнини.

Антонио веќе три години активно се занимава со атлетика, настапува на трки и победува. До ноември 2024 година тренираше и настапуваше како член на АК „7 Ноември“ Гевгелија, се искачуваше на победнички подиуми, од ноември 2024 година стана член на АК „Аеродром“ Скопје и продолжува со своите атлетски успеси.

За своите забележителни резултати – Државен рекордер на Македонија во конкуренција пионери во атлетика, на траса од 800 и 1.500 метри Антонио беше награден од спортската редакција на GevgelijaNET со плакета за најнадежен спортист младинец за 2025 година.

Еве, Антонио ги докажува своите способности и дека наградата била доделена во вистински раце, со повторувањето на својот рекорд на 800 метри и подобрувањето на времето, побрзо за 10 секунди.
Браво Антонио, продолжи да победуваш!




















