На 11.01.2026 во 00:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица на бул. „Гевгелија“ во Гевгелија го лишија од слобода К.Ѓ.(46) од Гевгелија.
При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал К.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.19 промили алкохол во крвта.
Вакво алкохолизирано патешествие имале уште 4 лица во државата во текот на изминатите 24 часа и истите завршиле во притвор. С.З. (36 год.) од Тетово возел со 2.11 промили алкохол во крвта, С.Б.(62) од с. Јанковец, ресенско имал 1,56 промили алкохол во крвта, М.С.(63) од Неготино е лишен од слобода бидејќи возел со 2,15 промили алкохол во крвта, Б.В.(41) од село Пепелиште, неготинско имал 1,87 промили алкохол во крвта.
Лишен од слобода е и А.А.(30) од Виница бидејќи возел со брзина од 121 километар на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.
По целосно документирање на настаните, за сите лишени од слобода за делата во сообраќајот, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да управуваат со возилата одговорно и совесно, без дејство на алкохол и со прилагодена брзина согласно условите на патот. Со непочитувањето на сообраќајните правила директно се загрозува сопствениот живот, безбедноста на патниците и животите на останатите учесници во сообраќајот, велат од МВР.




















